среда, 12. мај 2021. Вести денес: 116
home Вести

Законската обврска за зимска опрема завршува на 15 месецов

Законската обврска за зимска опрема завршува на 15 месецов

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11 2019 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2020 година.

Коронавирус