четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 123
home Вести

„Законот за висока раководна служба е најнебулозниот закон кој се има разгледувано во Собранието на Македонија“

„Законот за висока раководна служба е најнебулозниот закон кој се има разгледувано во Собранието на Македонија“

На комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во Собранието на Македонија, на дневен ред беше ставен Законот за висока раководна служба. ВМРО-ДПМНЕ за ова законско решение бара јавна расправа и сите засегнати страни да дискутираат околу ова законско решение.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека ова е еден од ретките закони кои се носи по редовна постапка, и за тоа ја пофалија Владата, што се охрабрила конечно еден закон да го помине Собранието по редовна постака.

-И бидејќи за наше изненадување овој закон се носи во редовна постапка, забелешките за овој закон од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат предложени во понатамошната расправа, по одржувањето на јавната расправа која ја иницираме. Ниту една европска земја го нема имплементирано вакво законско решение, ниту пак има слично законско решение. Побаравме од парламентарниот институт анализа за да видиме како е уреден овој закон во европските земји, изјави пратеничката Манаскова.

Законот за висока раководна служба има нејасни критериуми за избор на раководни лица на институции, а тоа се нејасен избирач заради тоа што имаме судир на законадавната врз извршната власт. Заради тоа што собранието, преку Комитетот за избор на изборната комисија кој ќе биде носител на ова законско решение и ќе го има клучниот збор при изборот на раководните лица во извршната власт.

-Преку овој закон целосно се девалвираат сите институции во државата. Зошто овој закон не го поднесовте пред една, две години, туку сега на 15 дена пред техничка влади. Овој револуционерен закон како што кажувате  го носите под превезот на деполитизација и поделеноста во опшеството, а граѓаните ќе добијат само закочени институции, изјави Зоран Илиоски

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предложија да се прошири ова законско решение и побара и министрите во Владата да се избираат преку Собранието, преку овој Закон за висока раководна служба.

Коронавирус