понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 51
home Вести

Законот за двојазичност е донесен со кршење на Уставот, законот и деловникот на Собранието

Во однос на правото на вето на Претседателот на Република Македонија Стаменковска посочи дека во член 75 од Уставот на Република Македонија пишува дека по втор пат претседателот има право да го потпише овој закон, ако законот по втор пат во собранието поминал со 2/3 мнозинство од гласови.
Законот за двојазичност е донесен со кршење на Уставот, законот и деловникот на Собранието

Во 2008-ма година кога прв пат се носеше законот за употреба на јазиците претседател беше Бранко Црвенковски и не го потпиша указот за прогласување на овој закон, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска во емисијата “Клик Плус“.

Таа додаде дека истото ова право го искористил и претседателот Иванов во овој случај. Исто така Стаменковска потсети дека за време на  кампањата за парламентарните избори  од страна на СДСМ се велеше “закон за двојазичност нема и тоа е само во главите на луѓето од ВМРО-ДПМНЕ“.

Стаменковска потсети дека сегашниот пратеник на СДСМ, Павле Богоевски, за време на кампањата рекол: „Ако во Република Македонија се изгласа закон за двојазичност ќе се откажам од пратеничката функција“, па ја запраша Ременски дали има некаква информација дали тоа планира да го направи.

-ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не попречи во носењето на европските закони. Многу пати до сега докажавме дека сме конструктивна опозиција и дека секогаш ќе бидеме тука кога е во прашање интересот на граѓаните и ние не остапуваме од тоа. Пред околу една година претседателот на владата Зоран Заев во едно свое интервју даде изјава дека закон за двојазичност во Република Македонија нема да се изгласа и дека униформите на војската и полицијата да бидат напишани двојазично е противзаконски и противуставно. Само да потсетам дека вчера во Собранието на Република Македонија вие кршејќи го уставот, законот, деловникот на Собранието гласавте за токму ваков закон. Искрена да бидам на ваше место ќе ми беше срам јавно да говорам,  рече Стаменковска.

Во однос на правото на вето на Претседателот на Република Македонија Стаменковска посочи дека во член 75 од Уставот на Република Македонија пишува дека по втор пат претседателот има право да го потпише овој закон, ако законот по втор пат во Собранието поминал со 2/3 мнозинство од гласови.

-Во Собранието законот за употреба на јазиците беше излагасан со 64 гласа. ВМРО-ДПМНЕ со ниту една своја постапка не е против албанскиот народ што живее во Република Македонија. Само во коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – ДУИ огромен број на албански жители на Република Македонија се вработени во институциите и се дел од системот на Република Македонија, вели Стаменковска.

Таа додава дека законот во оваа форма кој што е донесен е само една популистичка мерка за Албанците во Република Македонија. Според неа овој закон е неупотреблив, противуставен, крши многу одредби од УСтавот и со самото тоа го прави неупотреблив и ваквиот закон ќе падне на Уставен Суд.

 

Коронавирус