понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 136
home Вести

Законите за енергетика, за високото образование и за лековите пред пратениците

Законите за енергетика, за високото образование и за лековите пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 45. седница.

На дневен ред се предлог-законите за странци, за енергетика, измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства, Законот за вработување инвалидни лица, сите во прво читање.

Во второ читање на дневен ред на оваа седница се Предлог-законот за високото образование, измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за инспекциски надзор, на Законот за Фондот за осигурување на депозити, на Законот за класифицирани информации…

По скратена постапка на дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за ревизија, на Законот за хартии од вредност, на Законот за Кредитно биро, на Законот за технолошки индустриски развојни зони…

Собранието ќе расправа и за предлог-законите за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Република Бугарија за соработка во случај на катастрофи и за ратификација на изменувањата на Протоколот 2 кон Договорот за слободна трговија меѓу Република Македонија и Република Турција.

Пратениците ќе расправаат и за Предлог за избор на неизвршен член на Советот на Народната банка на Република Македонија.

МИА

Локални избори 2021