недела, 11. јуни 2023. Вести денес: 0
home Вести

Законите и процедурите не важат за СЈО: Судиите под притисок ги туркаат предметите 

Зошто се забрзуваат судските процеси од т.н бомби? Кој и зошто дава такви налози? Зошто и кој врши притисок врз судиите? Зошто овие рочишта се ставени на брза лента и имаат приоритет пред другите судења кои се одамна закажани? 
Законите и процедурите не важат за СЈО: Судиите под притисок ги туркаат предметите 

Целодневни маратонски судења, закажување рочишта секој втор ден, уморни записничарки, деконцентрирани обвинители и адвокати. Судењата за “бомбите” веќе не личат на ништо.

Денеска на рочиштето за “шамарите” во општина Центар, судијата Душан Јосифов имаше мака да закаже датум за ново продолжување на судењето. Во дискусии со обвинителите и адвокатите, тој неколку пати го промени датумот, објаснувајќи дека за овој како и за другите предмети од “бомбите” им е кажано да бидат приоритет.

Одбраната на оваа изјава на судијата реагираше бидејќи на датумите на кој тој закажа ново рочиште веќе имаат закажано друго со истиот судија и адвокат.

Зошто се забрзуваат судските процеси од т.н бомби? Кој и зошто дава такви налози? Зошто и кој врши притисок врз судиите? Зошто овие рочишта се ставени на брза лента и имаат приоритет пред другите судења кои се одамна закажани?

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и еден од обвинетите, во однос на процесите што се водат во Кривичниот суд против него, оцени дека ова стана еден вид театар на апсурдот.

– Со секое доаѓање во судот, еве сега од осум во шест дена треба да бидам на рочишта во разни предмети, се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдниот „Процес“ од Кафка. Вчера судијката одлучи да го продолжи рочиштето до 18:30. Не е проблем за мене, сум работел јас до доцна, но доколку тоа важи за сите. Во овој случај имаме ситуација кога за никој не се останува вон работно време, ниту за најголемите монструми и убијци, но кога сум јас во прашање имаме пролонгирање додека судијката не си ја заврши својата замислена обврска. Истата двојка судии кои вчера направија на некој начин скандал, се оние кои му судат и на Заев и му закажуваа на месец дена. Очигледно е дека судиите имаат добиено политичка агенда и мора да ја исполнуваат, вели Груевски.

За случајот со „Мерцедесот“ тој рече и дека тројцата сведоци кои ги предложило СЈО вчера ги демантираа наводите на обвинителството. Груевски раскажа дека тие вчера сведочеле дека никој не им вршел притисок и се било согласно закон, а и самите укажале на неопходноста од набавка на блиндирано возило.

И сведокот кој е раководител на компанијата кажа дека првпат ваков вид  возило државата го набавила со тендер затоа што законот овозможува да не се набавува со тендер, туку во директен договор со компанијата.

– Кога имате заробено судство и не се работи според закон се е можно. Ако се работи согласно закон, не само што не треба да ме осудат, туку воопшто не требаше да има судење. Судот од старт требаше да ги отфрли овие обвинувања. Но, да оставиме можност за судиите да работат по закон, изјави Груевски пред Кривичниот суд во Скопје.

Најнови вести