петок, 18. септември 2020. Вести денес: 53
home Вести

Захариев: Конгресот ќе биде демократски, ќе се избере ново раководство (ВИДЕО)

Захариев: Конгресот ќе биде демократски, ќе се избере ново раководство (ВИДЕО)

Мислам дека денешниот конгрес ќе биде голем ден за нашата партија, истакна Илчо Захариев од ВМРО-ДПМНЕ пред денешното продолжување со работа на 16. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој што се очекува да биде избран новиот претседател на партијата, по оставката на Никола Груевски.

-Ќе се избере ново раководство. Инаку, иницијативата беше добронамерна со многу позитивни и афирмативни работи и мислам дека сите што се потпишаа на таа иницијатива се лојални членови на партијата, тоа се луѓе кои се вложиле во оваа партија и сигурно дека таа намера беше да  покажат дека на партијата и требаат  уште тие членови и дека и треба огромно единство, затоа што соединиението ја прави силата, рече Захариев и додаде:

„Вие да се спротивставите да речеме на било кој политички конкурент, мора да бидете единствени, силно мотивирани како поединец, заеднички да направите што повеќе работи. Така да мислам дека после овој конгрес, сите оние и кои беа потписници на оваа иницијатива и сите кои се дојдени денеска овде, ќе го дадат својот максимум партијата на наредните парламентарни избори да донесе една одлична победа и повторно ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт“.

Конгресот, според Захариев, ќе биде демократски. -Во конкретниов случај има еден кандидат кој се етаблирал и има свои квалитети и се надеваме дека ќе биде се во ред, потенцираше тој.

Коронавирус