петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 51
home Вести

Загрижувачки пораки од граѓани: 365 дена воздухот е загаден, оваа појава нè труе сите

Загрижувачки пораки од граѓани: 365 дена воздухот е загаден, оваа појава нè труе сите

За жал одговорни нема. Појава која е казнива, која нè труе сите, токсична, канцерогена, мутагена, се третира како нормална. Ова е нашата реалност која не се менува, ова е наше  секојдневие, пишуваат од О2 иницијативата.

Тие објавуваат загрижувачки пораки кои ги добивале од граѓани, па алармираат дека надлежните не прават ништо.

-Во зима имало загадување… Камо само зима да е. ЦЕЛА ГОДИНА, 365 ДЕНА живееме во ТОКСИЧЕН СМРАД, од кој ни се ПОВРАЌА!! Не се најде ЕДЕН од сите со години изнаредени по функции, наместени по позиции да го РЕШИ овој не само проблем, туку ова ЖИВОТНО прашање! Генетски инженеринг си правите од луѓето овде, пишуваат тие.