недела, 9. август 2020. Вести денес: 63
home Вести

Загрижувачки факти кои покажуваат колку Владата катастрофално се справува со коронавирусот (ФОТО)

Загрижувачки факти кои покажуваат колку Владата катастрофално се справува со коронавирусот (ФОТО)

Македонија и натаму е лидер во региoнот по црните бројки на новозаразени од ковид-19 и мртви, во споредба со сите земји во регионот.

На црната статистика која мери индекс на заразени и смртност на милион жители од коронавирус, Македонија е на лидерската позиција, односно Македонија од сите држави во регионот има најголема стапка на смртност.

Овој поразителен факт за нашата држава е алармантен. Имено, според последните податоци Македонија е рекордер по бројот на заразени и починати од новиот корона вирус.

Од она што може да се забележи од ова црна статистика, Македонија е лидер со 4.094 новозаразени и 198 починати лица од коронавирус на еден милион жители, а во земјите од регионот речиси бројката е на пола.

Инаку, нови 241 случај позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 1700 тестирања, со што вкупната бројка од почетокот на епидемијата се искачи на 9026. Во претходното деноноќие починаа осум лица, а вкупниот број на починати заклучно со вчерашниот ден се искачи на 414 лица.

Овие факти се уште еден доказ дека Владата катастрофално се справува со корона вирусот во Македонија.

 

Коронавирус