четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 128
home Вести

„Загрижувачки е што номинации за амбасадори доаѓаат на две недели пред оставката на претседателот на владата и воведување на техничка влада “

„Загрижувачки е што номинации за амбасадори доаѓаат на две недели пред оставката на претседателот на владата и воведување на техничка влада “

Првиот и најзагрижувачки момент е што овие номинации доаѓаат практично на две недели пред оставката на претседателот на владата и воведување на техничка влада, значи во класичен предизборен период. Па се поставува логичното прашање, како после промената на власта, таа власт би соработувала со решенија кои што се избрзани, партиски именувани и далеко од стручни.?, ова денеска на прес-конференција го прашува Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Второ големиот број на предлози, покажува дека во последен момент да се наполнат Амбасадите не со стручни кадри, не со посветени кадри, ако сакае не и со кадри кои што имаат политичко знаење и ќе можат да одговорат политички на предизвиците кои што и следуваат на Македонија, затоа што ни се потребни и такви кадри,  туку исклучиво со кадри што се блиски на актуелната власт. Трето, лицемерието да брзаат да ги пратат кандидатите по стариот Закон, односно по постојниот Закон за надворешни работи, а во исто време форсираат нов Закон по кој што закон никој од овие кандидати не ги исполнува условите, само покажува со какви луѓе имаме работа, истакнува Николоски.

Тој додава дека од една страна Никола Димитров предлага измени на Законот за надворешни работи, а од друга страна предлага амбасадори по стариот Закон за надворешни работи, а по новиот Закон истите овие луѓе не ги исполнуваат условите.  Да е парадоксот најголем дури и Никола Димитров не ги исполнува условите за Амбасадор по новиот Закон што го предлага, што е штета нели секогаш во минатото очекувал ВМРО-ДПМНЕ да го праќа за Амбасадор, па еве ќе му се ускрати една можност за во иднина.

-Четврто, се проблематизира целиот процес затоа што имаме крајно некредибилни луѓе кои што се испраќаат. Јас за разлика од Бујар Османи, нема да ги коментирам имињата затоа што без разлика на се ја почитувам дипломатската пракса и нема да о уништувам дипломатскиот углед на Македонија, затоа што правилата се јасни, не се излегува со име за кандидат за Амбасадор, додека истиот не добие агреман односно не биде прифатен од државата односно организацијата во која што се испраќа. Најголема навреда за државата односно организацијата во која што се испраќа ополномоштен амбасадор е вие да го соопштите името пред истата држава да се согласи, односно да даде агреман дека истиот може да е претставник на Македонија во таа држава. И во таа насока, очигледно некои функционери во владата без разлика што долги години седат таму не ги прочитале основните кодекси и не ги прочитале основните правила на однесување. Понатаму, не се само амбасадорите, сакаат во време на практично две недели до техничка влада да испратат 25 до 26 дипломати од Министерството за надворешни работи на втори и трети позиции. На позиции практично на прв секретар, на втор секретар и трет секретар. Овој процес исто така отиде далеку од јавноста, нетранспарентен и колку што сме информирани без вклучување на соодветниот дипломатски синдикат. Со тоа целиот овој процес се проблематизира. Идникативно е што владата три години не може да смисли основен концепт за дипломатската мрежа како и за персонални решенија. Индикативно е што им требаа две години за да назначат конзули во Истанбул, Солун, Мелбурн, Торонто  и останатите конзулати иако за тоа не е потребна согласност со претседателот на државата, односно владата самостојно именува конзули како и што е индикативно е дека им требаа повеќе од 8 месец да се усогласат со претседателот на државата кој што гледаме и самиот не е среќен со ваквото испраќање на амбасадори пред избори. И она што е клучно е што практично имаме две годишно доцнење во целосното покривање на дипломатската мрежа и имаме никаква реализиација на економската дипломатија која што на голема врата беше најавувана од потпретседателот на владата Кочо Анѓушев, која што според нас е потребна и која што треба да е основа на дипломатската активност на Македонија, затоа што како мала држава Македонија треба да се насочи кон штитење на своите интереси, но исто така и кон силна економска активност. Практично, инвестирајте во Македонија не постои, а во македонските амбасади не постојат луѓе кои што ќе се занимаваат со привлекување на инвеститори и промовирање на македонскиот извоз, вели Николоски.

Тој на крајот потсетува дека истиот овој едностран однос, истиот овој однос на неконсултирање на опозицијата во услови кога е извесно дека опозицијата ќе победи и ќе ја формира следната влада се гледа и во Изборниот законик и во именувањето на дипломатско конзуларните претставници, а истите можевме да го видиме од страна на Димитров и Заев во процесот на преговори за името кога ја исклучија целокупната експертска јавност, за разлика од Грците кои што вклучија над 60 експерти и видовме резултатот заврши како што заврши, полош не можеше да биде.

Коронавирус