недела, 21. јули 2019. Вести денес: 44
home Вести

Загинаа 14 лица, повредени се 37: Причината за грозоморната сообраќајка сè уште не е позната

Загинаа 14 лица, повредени се 37: Причината за грозоморната сообраќајка сè уште не е позната

Првичните сознанија од истрагата за автобуската несреќа се очекуваат денеска откако вчера заврши увидот на местото на несреќата кај скопското селото Ласкарци.

„Истрагата трае. Во увидот беа вклучени професори од машински факултет, припадници на МВР, исто така од Бирото за судски вештачења под водство на надлежниот јавен обвинител. За утре ќе можеме да очекуваме првични сознанија околу аспектите кои што ги гледа истрагата“, изјави синоќа министерот Спасовски во гостувањето во дневникот на телевизијата „1ТВ“.

Возачот на автобусот е пуштен на домашно лекување. Од него се очекуваа информации за причините, но тој изгави дека не се сеќава како дошло до трагедијата.

Од автобуската компанија „Дурмо турс“, чиј автобус завчера се преврте кај Карпалак на автопатот Скопје-Тетово изразија сочув ство до семејствата на загинатите и побрзо закрепнување на повредените.

-Вчерашниот кобен ден е голема трагедија за компанијата, за повредените, за семејствата на починатите и за целата држава. Немаме зборови за сочувство на загинатите и семејствата. На повредените им посакуваме брзо оздравување. Очекуваме допрва институциите да излезат со конечна анализа и истрага за причините од трагична несреќа, велат од „Дурмо турс“.

Тие додаваат дека нивните возила се исправни, редовно се сервисираат, и ги поседуваат сите потребни лиценци.

Дека превозникот имал лиценци, потврди и министерот за транспорт и врски, Сугарески.

14 лица загинаа, а 37 се повредени во грозоморната сообраќајка која ја потресе цела Македонија.