четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 120
home Вести

Загадениот воздух УБИВА, Владата нема ни стратегија!

Во населба Лисиче едвај се дише, воздухот е отровен и убива. Од максимално дозволените 50 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, во Лисиче вечерва има над десет пати повеќе односно 555мг/м3.
Загадениот воздух УБИВА, Владата нема ни стратегија!

Загаденоста на воздухот е на екстремно високо ниво. Скопјани едвај душат, а во смог се гушат граѓаните во поголемиот дел од Република Македонија.

Нивото на загадувањето претставува опасност по здравјето и животот на граѓаните, а Владата нема ниту стратегија како да го реши овој проблем иако во текот на изборната кампања воздухот им беше едно од најгласните ветувања.

Откако ги изманипулираа граѓаните и добија гласови, ништо од ветувањето на кандидатите за градоначалници на СДСМ и Зоран Заев за чист воздух во државата.

Во населба Лисиче едвај се дише, воздухот е отровен и убива. Од максимално дозволените 50 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, во Лисиче вечерва има над десет пати повеќе односно 555мг/м3.

Екстремно висока загаденост има и во Битола и во Куманово.

Владата на Зоран Заев со месеци кова стратегија, но од неа нема ништо. Мерки ќе се превземале дури од следната година, што значи дека до пролет ќе треба да се “снаоѓаме“ за воздух. Ветувањата за стратегијата беа само една од лагите на оваа Влада на СДСМ.

Шилегов ги обвинува граѓаните и порачува да не се прави “ријалити шоу“

И додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов неодамна ги обвини граѓаните дека се виновни за загадениот воздух, но и посочи да не прават ријалити шоу од оваа тема, се уште нема преземено ниту една мерка од вкупно 39-те кои ги вети пред изборите.

Инаку и претходно Шилегов го лоцираше виновникот за загадувањето на воздухот, а тоа според него се граѓани, на иста бранова должина со скопскиот градоначалник е и централната власт предводена од СДСМ.

Загревањето на домовите е најголем загадувач на воздухот. Ова е заклучокот од извештајот на интер-ресорската работна група составена од 17 државни институции и граѓански и еколошки организации, која работеше на анализа на овој проблем кај нас, кажаа од Владата.

-Лоцирани се изворите на загадување. Според овој извештај загревањето на домовите, односно греењето е најголем загадувач на воздухот, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Незадоволството на граѓаните поради загаденоста на воздухот ги предизвика родителите во знак на протест да се решат за бојкот на наставата на нивните деца од училиштата.

Коронавирус