среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Загадениот воздух ги убива: Во овие македонски градови умираат најмногу луѓе

Загадениот воздух ги убива: Во овие македонски градови умираат најмногу луѓе

Жителите на три македонски градови се први на удар кога е во прашање смртноста предизвикана од загаден воздух.

Во неколку македонски градови 1.000 човечки животи се губат годишно поради изложеност на загаден воздух, односно PM2.5 честички.

Меѓународното списание Биомедикал за период од пет години ги споредува податоците за загаденост на воздухот во македонските градови, и укажува на смртноста која ја предизвикува аерозагадувањето. Поради загаден воздух, кај граѓаните може да се појави астма, рак, срцеви или белодробни заболувања, а не е поштедена ниту една возрасна група.

Стапката на морталитет што се припишува на изложеноста на PM2.5 (на 100.000 жители) е највисока во градот Тетово 301, Битола 234, Скопје 208, наведува во анализата Биомедикал.

-Во Тетово бидејќи не сме 100.000 жители, туку сме 80.000, бројот на смртни случаи би бил од 260 до 265. Толку луѓе умираат годишно од аерозагадувањето. Кога имаше приказ за загадување на воздухот за неколку дена наназад точно можевме да видиме по денови и часови кога било најзагадено во градот, кога биле пиковите, вели доктор Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје Тетово.

Се додава дека поради загаден воздух, не само што има зголемена смртност, туку има и зголемен број на отсуства од настава и од работа.

Граѓаните на Тетово велат дека чувствуваат последици врз здравјето од загадениот воздух.

-Во Тетово и околината по 16.30 часот, се чувствува смрдеа, чад, загадениот воздух не опколува. Ужасно е, се чувствува отежнато дишење. Ме печат очи, се гушам, зборувам од мој аспект. Имам проблем со алергија и користам терапија. Се убивам од кашлање затоа што воздухот е загаден во раните утрински часови. Сега Југохром е затворен, од каде волку лош воздух кога до вчера го сметаа за прв причинител на ваквата состојба? Јас сум од Јегуновце и мојот татко со толпа луѓе останаа без работа. Мислам дека локалните власти треба да преземат мерки и одговорноста да не ја префрлаат на бизнис секторот, вели Мерита Мустафи од Јегуновце.

Maкедонија стана една од најзагадените земји во Европа и на Балканот. Скопје постојано котира високо на листата на најзагадени светски градови. Вчера беше 11, а претходно оваа сезона бил на 14, 8 па и на високото 6 место. По Скопје, најзагаден е Сараево од балканските градови и тоа може да се види на веб страницата на air visual, додека Загреб и Белград обично се подолу на листата.

Извор: ФАКТОР

Најнови вести

Коронавирус