четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 54
home Вести

Зафировски: Власта за да ги замолкне граѓаните употребува сила и полиција, таков случај беше и спроведувањето на момчето

Зафировски: Власта за да ги замолкне граѓаните употребува сила и полиција, таков случај беше и спроведувањето на момчето

Претпоставувам дека насилство е стил на однесување веќе подол период на власта. Ако се сеќавате и на минатите случувања каде што граѓаните го изразуваа сопственото незадоволство од политиките на актуелната власт имавме несразмерно користење на сила, употреба на солзавци, на шок бомби итн. За вчера на еден мирен протест со ништо не предизвикани, само заради тоа што момчето снимало да биде на незаконит начин приведено, насила извлечено од групата која протестираше и која ја блокираше раскрсницата. И притоа со најпогрдни зборови, со пцости беше одвлечено момчето, му беа ставени лисици. И дури по разговорите во полициската станица со закана дека добро поминал бидејќи оди само со прекршочна пријава, а не и со кривична е пуштен од на слобода“, појасни Воислав Зафировски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Зафировски додаде дека при апсење на лице задолжително мора да му се соопшти причината заради која се приведува, мора да му се каже дека има право да молчи и има право на адвокат.

„Денес одредени полицајци спроведуваат партиски политики, а не спроведуваат Закон. А меѓу спроведување на Закон и спроведување партиска политика или спроведување некаква си сопствена правда има огромна разлика“, рече Зафировски.

Зафировски посочи дека внатрешна контрола мора да ги истражи околностите зошто е дојдено до приведување на момчето. По оваа снимка повеќе е јасно дека треба да биде санкциониран полицискиот службеник кој употребил сила врз момчето.

„Нема ништо да има од работата на внатрешната контрола. Ќе констатира што е сторено, ќе препорачаат на дисциплинската комисија да изречи некаква дисциплинска мерка и ќе се заврши со некоја ситна евентуално ако имам некаква казна“, појасни Зафировски.

ЕУРО 2020

Македонија