понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 12
home Вести

Зафировски: Јасна е спрегата меѓу СДСМ и криминалните структури, ако институциите не покажат волја за расчистување на скандалите можно е да се вратат визите

Зафировски: Јасна е спрегата меѓу СДСМ и криминалните структури, ако институциите не покажат волја за расчистување на скандалите можно е да се вратат визите

Сега институциите треба да покажат колку се сериозни. Неопходно е јавното обвинителство со полицијата да покажат дека работат, за да не ја загубиме визната либерализација, рече аналитичарот Воислав Зафировски на гостувањето на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ говорејќи за скандалот Мафија.

Според него ЕУ не ги сака криминалците, а Македонија и ги праќа „Затоа институциите се на потег, а надлежните да си понесат одговорност. Ако нашите институции одат до крај ЕУ нема да ја повеќе визната либералзиација, во спротивно ќе биде сосема поинаку“, рече Зафировски.

Зафировски се осврна и на аферата Рекет за која вели дека не завршена.

„Катица Јанева нема знаење ниту моќ да спроведе таква коруптивна активност и тука пипците одат далеку над нив. Но судот и обвинителството не одеа понатаму не трагаа по виновникот“, рече Зафировски.

Зафировски ја коментираше и акцијата во која беа разбиена група на нарко дилери.

„Американската ДЕА доаѓа за се справи со ваков случај, значи дека државата нема капацитет. Нашите институции значи или се нефункционилани или не може да дејстуваат како што налагаат законите“, кажа Зафировски.

Во сиот период кога СДСМ е на власт спрегата нивна со криминалците е јасна и видлива.

„Има мега афери поврзани со лица од извршаната власт и тоа е многу симптоматично. Секој нека си извлече заклучок за себе, на крајот јас можам да се сликам со пријател, а не како што тоа го прават они. Има една народна изрека која вели – со кого си таков си. И ако почнат да се бројат аферите во период на влада на СДСМ им нема крај. Во организаирана држава има закони и не моѓе вакви случувања да завршат со промена на функција. И Заев се фали јас ги разрешив, ама тоа индикректно го поттикнува криминалот, истрагите се водат селективно и слично“, посочи Зафировски.

Коронавирус