петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 98
Во живо

ВО ЖИВО: Изјава на Мицкоски од индустриската зона „Жабени“

home Вести

Заевизам: Ветуваа дека ќе се продаде мерцедесот и ќе се купат возила за брза помош, но сега адаптираат возила од земјоделие

Заевизам: Ветуваа дека ќе се продаде мерцедесот и ќе се купат возила за брза помош, но сега адаптираат возила од земјоделие

Премиерот Зоран Заев пред околу две години или кон крајот на 2016 година за време на изборната кампања за парламентарните избори ветуваше дека владиниот мерцедес од 600 илјади евра и ќе се купат нови возила за службата за Итна помош.

Откако Заев седна во владината фотелја досега не ни спомнува за ова ветување.

Напротив мерцедесот се користи за приватни и службени цели. Со него се возеа и гостите, претставници на меѓународната заедница, како германската канцелрака  Ангела Меркел, првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, потоа помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања Вес Мичел, но и многу други кои ја посетија земјава по Договорот во Преспа. Сега од владината прес служба велат, велат „мерцедесот е сè уште дел од судската постапка поради што Владата не го користи

По околу две години, а по одлука да се пренаменат возила од министерството за земјоделие за Итната помош, владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека овие возила не се употребувале.

-Оние дополнителни осум што ќе бидат земени од министерството за земјоделство досега практично не се употребувале и сега само се ставаат во функција. Идејата сега е целисходно да се искористат. Или им се најде употребна вредност. Министерството за здравство набавува 12 нови амбулантни возила, рече портпаролот.

Во врска со владиниот мерцедес, за кој беше ветено дека ќе биде продаден и со парите ќе се купат амбулантни возила, Бошњаковски рече дека мерцедесот е сè уште дел од судската постапка поради што Владата не го користи.

-Мерцедесот е симбол на едно расипништво. Оваа Влада се откажа од него. Премиерот никогаш не го користи тој мерцедес. Мерцедесот е дел од судска постапка и се додека постапката е активна, мерцедесот ќе остане таму каде што е, во дел од таа судска постапка на СЈО. Во истиот момент кога ќе заврши, кога ќе биде овозможено негово менаџирање во иднина, ќе видиме што ќе се случи. Но, Владата набавува нови возила за Службата на прва помош, вели Бошњаковски.

Локални избори 2021