четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 82
home Вести

Заевизам: Директор на училиште си ја вработил сопругата за наставничка, народот масовно се иселува

Заевизам: Директор на училиште си ја вработил сопругата за наставничка, народот масовно се иселува

Само парична казна за кочанскиот директорот, кој си ја вработи жената како наставник по граѓанско право. Тој ќе плати околу 250евра казна, но жена му ќе си продолжи со работа. Одлука за негово разрешување нема.

Огласот за вработување на наставник по граѓанско право бил предвиден согласно систематизација, а сопругата на директорот била единствената пријавена. За да го исполни потребниот фонд на часови , наставничката предавала во неколку училишта во Кочани..

Иако директорот можел да се изземе од целиот случај напротив, тој сам и правел интервјуто за работа на жена си, а го потпишал и договорот за вработување. Антикорупционерите побарале одговорност, поднесувајќи иницијатива до кочанскиот градоначалник, по што бил извршен и надзор од Просветниот инспекторат.

„По барање на Државната комисија за спречување корупција за утврдување на одговорност на директорот на СОУ „Гошо Викантиев„, Општина Кочани се обрати со допис до Државниот просветен инспекторат и до Училишниот одбор, од каде побара мислење за законитоста на постапката и ја нагласи подготвеноста да постапи соодветно. И во двата дописи беше посочено дека нема основ за разрешување на директорот“ – велат од Општината.

Вработувањето на жената на директорот е само еден од низата од партиските вработувања кои зачестија во изминатиот период. Истиот тренд е евидентет и во Штип, каде што во локалната самоуправа и јавните претпријатија се вработуваат луѓе, за кои опозицијата тврди дека се активисти и симпатизери на власта.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија