среда, 14. ноември 2018. Вести денес: 9
home Вести

Заев злоупотребува деца во политички цели, Омдбусманот казнува за таков дело

Заев злоупотребува деца во политички цели, Омдбусманот казнува за таков дело

Претседателот на Владата на Република Македонија ја започна кампањата со која граѓаните ги убедува да гласаат „ЗА“ прифаќање на договорот кој власта го потпиша со Грција, а со кој Македонија го менува своето уставно име.

На својот Фејсбук профил, премиерот има објавено фотографија со текст „Сигурна иднина за нашите деца“, како дел од кампањата која ја води Владата. И тука можеби и не би имало ништо спорно доколку премиерот на таа фотографија не се поздравува со малолетно дете, што е противзаконски.

Според македонските закони оваа фотографија на Зоран Заев претставува злоупотреба на деца во политички цели, што според законите е казниво и се очекува реакција од народниот правобранител. Доколку ги прочитаме законите, реакција од Омбдусманот мора да има.

-Не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање, вели еден од членовите на законот.

Инаку, во минатото Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во повеќе наврати апелираше децата и малолетниците да не се користат во политички цели.