вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 185
home Вести

„Заев зголемува плати селективно на администратици во 30 институции со што врши предизборен поткуп, а нема пари за сервисирање на противпожарна опрема“

„Заев зголемува плати селективно на администратици во 30 институции со што врши предизборен поткуп, а нема пари за сервисирање на противпожарна опрема“

Во недостиг на проекти кои ќе донесат добробит за граѓаните, Зоран Заев почна со предизборен поткуп и тоа внимавајте, селективно само во некои институции, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Коментирајќи одлука на влада дека во некои институции на административците ќе им се зголемат платите, Арсовски рече дека тоа се прави и во период кога во државата не се реализираат основни работи.

„И додека нема пари за раелни проекти за протипожарна опрема, сервисирање на истата, наоѓа начин селективно да си наградува лица и институции, предизборно да прави предизборен поткуп. Ние побаравме да се набават противпожарни и амбулантни возила, кои ние со амандамни ги побаравме, ама тоа не ги интересира“, рече Арсовски.

Тој потенцираше дека Заев само знае да врши предизборен поткуп.

„ Но, она што е добро е што сфатија граѓаните кој е кој, и знаат што ќе прават на изборите, ќе ја казнат оваа власт, СДСМ“, рече Арсовски.

Локални избори 2021