сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 7
home Вести

Заев засега не планира реконструкција на Владата

Заев засега не планира реконструкција на Владата

Премиерот Зоран Заев засега не планира поголема реконструкција на Владата и верува дека денеска во Парламентот ќе бидат поддржани предлозите за разрешување на двајцата минстри Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил.

-Не планирам, барем засега, поголема реконструција на Владата. Предозите за разрешување на  двајцата министри во Парламентот се одлуки донесени од страна на раководствата на политичките партиципиенти во власта, кои бараа соодветна замена, изјави премиерот одговарајќи на новинарски прашања по презентација на проектите од Вториот инвестициски бран од Планот за екномски раст.

Тој изрази задоволство и се заблагодари на соработката со двјцата министри и додаде дека размислува да ги покани за ангажман во јавниот сервис, преку извршната власт.

-Верувам дека ќе се најдат можности за нивен натамошен ангажман, за што јас размислувам. Следуваат разговори со двјцата досегашни министри. Верувам дека Парламентот ќе ја поддржи ваквата промена, истакна Заев.

Тој повтори дека дефинитивно не се кандидира за претседател на државата и порача дека е добро да се разгледаат други кандидати и да се коментираат оти само така, како што рече, ќе се изведри на површина најдобрата личност која би била нашиот нов претседател.

-Мандатот на претседателот истекува на 12 мај и, како што е и утврдено, Македонија ќе има нов претседател. Согласно тоа, да бидеме позитивно фокусирани на успешни и демократски избори кои навистина ќе го изберат првиот човек на државата, претседателот на Македонија, рече премиерот.

Во однос на потребниот цензус, Заев верува дека ќе се постигне и дека претседателот ќе се избере во еден компетитивен натпревар меѓу повеќе кандидати.

Верувам дека 40 отсто цензус ќе се постигне во еден компетитивен наптревар меѓу повеќе кандидати, не само преку власта и опозицијата, левица и десница, или не знам како здружени или слични, да има избор за граѓаните, да може да го изберат најдоброто решение заради тоа што се работи за претседател на нашата држава, рече премиерот и додаде дека ќе се разговара за сите прашања по завршување на политичкиот процес во Парламентот, уставните измени заради интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

Премиерот е оптимист дека на седницата на 9 јанаури за уставните измени ќе има двотретинско мнозинство или 80 пратеници.

-Потврдија 76 патеници со кои разговарав, но тоа не значи дека сите други одбиваат. Верувам дека и навистина може да се успее да се добие поддршка од 85 – 90, а дај боже и повеќе. Тоа е и целта и затоа имаме вака инклузивен процес, изјави Заев.

Тој додаде дека следува доставување амандмани од страна на пратениците на уставните амандмани и веројатно ќе сакаат да дадат свој прилог внатре и согласно тоа кога ќе завршат тие постапки да ги стават своите ставови.

-Јас сум им благодарен на сите кои го истакнуваат својот позитивен став досега заради тоа што овој процес го прави поизвесен и за мене како претседател на Владата или предводник на ваквиот процес, и за парламентот и најмногу за граѓаните. Останувам оптимист дека најмалку двотретинско мнозинство или 80 пратениците ќе има на седницата на 9 јануари, истакна Заев.

Премиерот во однос на идејата за останување на пратениците во јавна служба, рече дека нема да се донесе законот.

МИА