четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 132
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

„Заев залудно се заканува на државната администрација, секоја нанесена неправда ќе ја исправиме со доаѓањето на власт“

„Заев залудно се заканува на државната администрација, секоја нанесена неправда ќе ја исправиме со доаѓањето на власт“

Нема да говорам  само за оние суптилни закани, изживувања со дел од вработените во државната администрација на оние кои сакаат да му се додворат на партиското водство на власта, па тоа Заев го кажа од Велес, јавно се закани дека метлата ќе играла не само кај него туку и на другата страна, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Пресс24.

-Тоа во превод би значело дека вработените во државната администрација треба да имаат на ум дека Заев може да ги избрка ако не гласаат како што он мисли дека треба, бидејќи нивната работа од него зависи тоа. Но јас ќе кажам дека заканувањето е знак на слабост, а и до таму чим дојде да се закануваат значи знаат дека паѓаат. Готови се. Вработените во државна администрација нека си постапуваат согласно професионалните норми и регулативи и нема ништо да им фали. Сите оние кои власта безправно ќе ги избрка поради било каков притисок и реваншизам набргу по нашето доаѓање на власт ќе ги вратиме на работа тие луѓе на кои им било нанесено било каква неправда, а ќе има одговорност и за извршителите на таа неправда, посочува тој.

Коронавирус