среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 140
home Вести

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно мислењето на Венецијанската комисија

Заев: Законот за јазици ќе се ревидира согласно мислењето на Венецијанската комисија

Премиерот Зоран Заев најави ревидирање на Законот за јазици во согласност со забелешките на Венецијанската комисија.

„Законот за јазици ќе биде ревидиран, а Министерството за правда ќе подготви измени и ќе ги достави до Собранието“, најави премиерот. Овие измени ќе бидат во согласност со забелешките на Венецијанската комисија која вчера достави мислење дека законот треба да се преиспита.

Заев прецизираше дека измени ќе има во делот кој се однесува на употребата на албанскиот јазик во судството, за да се избегне ситуацијата кога заради овозможување на правото на употребата на мајчиниот јазик би се загрозиле некои други права. Се очекуваат измени и во делот на казните кои се предвидуваат заради прекршување на овој закон.

Коронавирус