Не подоцна од пролета 2019 година и еве средината на 2019 година, грчкиот народ ќе види само придобивки, само позитивни работи од овој договор, исто така и македонскиот народ на нашиот дел од Македонија, не на хеленистичкиот дел на Македонија, ќе види придобивки и само добри работи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за грчката национална телевизија ЕРТ.
Имено, Заев во текот на целото интервју постојано настојуваше на тоа дека истиот внимава и внимавал во текот на преговарањето на интересите на Грција и сакал да ги задоволи условите на грчките националисти Каменос и Мицотакис.
– Знам дека секој договор носи прогрес, носи перспективи и од тоа име јас ја испраќам пораката до сите граѓани на Грција, гледајте во нас пријатели, ние сме вашиот северен сосед, имаме јасно разграничени идентитетски прашања, ние го менуваме и нашиот Устав заради тоа што веруваме во тоа пријателство, заклучува Заев.
Тој вели дека е убеден дека овој договор ќе донесе благодет и благосостојба на граѓаните и на Грција и на Република Македонија, која што секако после сите протоколи вели Заев ќе биде Република Северна Македонија.