недела, 4. јуни 2023. Вести денес: 73
home Вести

Заев загрижен за грчките гаранции- следна влада би можела да го врати уставот дури и ако тој сега го смени

Заев загрижен за грчките гаранции- следна влада би можела да го врати уставот дури и ако тој сега го смени

Македонија и Грција се приближуваат кон решение за спорот за името, изјавил премиеот Зоран Заев во интервју за лондонски „Фајненшл Тајмс“.

„Ја сум оптимист. Свесни сме дека многу е тешко, но би било паметно за двете страни да најдат решение што е можно побрзо. Новото барање од Грција е да го смениме Уставот, но тоа е домашна книга на правила и нема влијание надвор од државата. Промената на Уставот не е конечна гаранција бидејќи нова Влада може пак да го смени Уставот“, изјавил Заев.

Според „Фајнешнл Тајмс“, премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Ципрас разгледуваат пет предлози за името од медијаторот Метју Нимиц- Северна, Горна, Вардарска, Нова Македонија и Република Македонија (Скопје).

Заев изјавил во интервјуто дека Нова Македонија не е прифатливо решение бидејќи не опфаќа географска одредница, но дека е отворен за преговори за останатите четири имиња.

,,Сега барањето од Грција е да го промениме нашиот устав. Но уставот е книга на домашни правила. Тој нема импликации надвор од државата. Во секој случај промената на уставот не е финална гаранција, бидејќи некоја нова влада во иднина може да го промени уставот повторно.’’

Водени од медијаторот на ОН Метју Нимиц, Заев и Ципрас се размислуваат околу пет имиња за БЈРМ: Република Македонија (Скопје), Северна Македонија, Горна Македонија, Вардарска Македонија и Нова Македонија.

Заев вели дека Нова Македонија е неприфатливо бидејќи е име кое не е географски прецизно, но тој е отворен за преговарање за другите четири предлози.

Ова несогласување е мистериозно за голем број на луѓе надвор од Балканот, проблемот со името на Македонија е проблем за НАТО и ЕУ бидејќи е проблем кој може да создаде конфликт во регион од Европа чија модерна историја памети насилни судири за територија и идентитет.

После скоро 30 години закочен процес, прогресот рефлектира дека Ципрас пронашол човек од другата страна во Скопје со кој може да се разговара, социјал демократ кој го напуштил бомбастичниот национализам на претходната влада на Макеоднија.

Ако Атина и Скопје дојдат до договор, лидерите на ЕУ се очекува на самитот во Брисел на 28-29 Јуни да дадат датум за формалното започнување на македонските преговори во ЕУ.

,,Русија нема ништо против нашата интеграција во ЕУ, но не размислува позитивно на нашата интеграција во НАТО. Ние имаме добар однос со Русија. Но тие треба да се свесни дека нема друга алтернатива за нашата држава освен ЕУ и НАТО интеграцијата.’’

Ако дојде до договор, Заев и Ципрас имаат потреба од поддршка од барем дел од опозициските политичари за договорот да помине во двата парламента. Ова може да не е лесно. ,,Има многу национализам, многу критики, личности и групи кои се против договор во двете држави’’, вели Заев.

 

Најнови вести