вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 184
home Вести

Заев зададе главоболка на Стефоска и градоначалниците, не знаат каде се 20-те променети спомен обележја

Заев зададе главоболка на Стефоска и градоначалниците, не знаат каде се 20-те променети спомен обележја

Скандалозното интервју на премиерот Зоран Заев ги оживее старите и создаде нови проблеми во односите меѓу државите и народите.

Заев во интервјуто за БГНЕС рече дека веќе се заменети 20 табли во земјата на кои пишувало Бугарски фашистички окупатор, оти Бугарија не е фашизам.

„Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател“, истакнува премиерот Зоран Заев. Според него, политичарите од бивша Југославија ги држеле Бугарите и Македонците разделени.
„Не можеме да го прифатиме оваа омаловажување на нашата борба и не можеме да прифатиме ревизија на општо прифатената оцена за Втората светска војна“, велат од Градскиот одбор на Сојузот на борци – Скопје по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Граѓаните со право го прашуваат премиерот Зоран Заев и власта кои се заменетите 20 табли кои ги споменува во интервјуто. Но никој не знае на кои локации и кои се спомен обележјата, за кои премиерот зборува, а кои во текстот веќе имале променета формулација.

Што е пострашно ниту самите градоначалници на Општини не знаат каде се тие 20 спомен обележја кои им е променета формулацијата. Градоначалниците за медиуми велат дека досега немаат ниту добиено допис тоа да го направат.

Уште посмешна ситуацијата да стане за променетите споменици не знаеше ниту министерката за култура, Ирена Стефоска.

Стефоска, која по професија е историчар, нагласи дека лично одела да види во каква состојба се токму спомениците од Втората светска војна, оти, како што рече, тоа сеќавање мора да се негува за младите генерации да растат со вредностите на антифашизмот, како темел на македонската државност. Таа е убедена дека премиерот сакал да ја истурка земјата да оди напред, но, според неа, и покрај сите напори, тој не можел да и помогне на Бугарија.

Граѓаните во едно за првпат се сложија и гласно порачаа дека изјавите на премиерот Зоран Заев носат повеќе штета, отколку корист.

Најнови вести

Коронавирус