сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Заев заборава дека не е ниту премиер ниту градоначалник: Во кое својство се појави на денешниот настан во Струмица?

Заев заборава дека не е ниту премиер ниту градоначалник: Во кое својство се појави на денешниот настан во Струмица?

Претседателот на СДСМ Зоран Заев им честиташе на струмичани што после 33 години чекање, денеска беше отворено на новото крило во општата болница Струмица.

-Дозволете да ја искористам приликата како струмичанец, на сите струмичани и на целиот наш народ во југоисточниот регион да им го честитам новото крило во општа болница Струмица, кое почна да се гради кога јас имав 12 години, односно пред 33 години, и сум многу среќен што овие последни 3 години се дадаоа максимални напори да се заврши, рече тој.

Тој му се заблагодари на министерот Венко Филипче за огромната посветеност што ја направи во завршувањето на овој проект, но и на поранешните министри за здравство Арбен Таравари, како и на Никола Тодоров којшто ја отпочна постапката, а реализацијата дефинитивно почна во последните 3 години.

Тој нагласи дека Владата, предводена од Социјалдемократскиот сојуз, продолжува да го осовременува и усовршува целиот здравствен систем, со сите негови аспекти коишто ќе бидат на располагање на граѓаните.

Со овој настан и неговото присуство немаше да биде ништо чудно ако ова се случеше, на пример, пред една година.

Но, денес се поставува прашањето: Во која функција Заев се појави на настанот?

Тој одамна не е премиер, ниту пак градоначалник на Струмица. Се појави меѓу сограѓаните за да собира партиски поени пред брзите корона избори кои ги посакува.

Коронавирус