понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 121
home Вести

Заев за спорот со името: Важно е да внимаваме и на грчката страна

Заев за спорот со името: Важно е да внимаваме и на грчката страна

-Секако, важно е да внимаваме и на грчката страна, бидејќи можеби решението ќе биде прифатливо овде а нема за грчката страна или обратно, можеби ќе биде прифатливо за грчката страна, а нема да помине тука, изјави претседателот на Владата Зоран Заев во одговор на новинарски прашања по излегување од судот, каде беше по повод рочиштето за случајот „Поткуп“, кое беше повторно по кој знае кој пат откажано.

– Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јавно познати, тие ги соопштија и ги соопштуваат. Јас верувам дека сепак можеме да најдеме национален консензус во функција на решавање на овој проблем, а не во функција на негово блокирање или повторно одлужување. Сега е вистински момент да се реши ова прашање. Дебатата е отворена и за вакви прашања и треба да биде отворена дебатата и нека ја има, таа е здрава. Треба сите да знаеме дека можеме да го решиме проблемот, но може и повторно да не се реши проблемот и после тоа, како што соопшти еден ваш колега во една колумна, сонцето повторно ќе изгрее. Но дали ќе не огрее и дали ќе продолжи да ги грее нашите деца по белиот свет во другите земји. Одлуките се на политичарите, рече Заев во одговор за новинарите.

Заев вели дека власта ја има најголемата одговорност, но тој се надева дека и Претседателот на државата, покрај извршната власт и опозицијата, заедно сите политички чинители во општеството ќе бидат мудри да изнајдат решение кое ќе го сочува достоинството и дигнитетот на нашиот народ и нашата земја.

– Се надевам на мудра постапка, и апелирам за внимание на медиумите и на сите граѓани, дебатата треба да постои, но да се обидеме сите да изнајдеме решение на овој долгогодишен проблем, изјави Заев.

Заев вели дека ставот на СДСМ е да се изнајде решение заедно со опозицијата и на крајот конечното решение да биде потврдено на реферндум.

– Тоа не е толку страшно, трагично или невозможно, реферндумот се организира согласно законите, во брза постапка. Ако застанеме сите, пред се политичарите да ги соопштиме своите ставови, ќе му помогнеме на нашиот народ, а нашиот народ ќе излезе и ќе си го каже својот став. Ова е премногу суштествено прашање, но јас на оваа работа не гледам како на кочница или бариера, гледам како дополнителна гаранција за Република Грција дека конечно ова решение е трајно и конзистентно, изјави Заев.

-Од стратешки апсект, не се очекува да зборувам за деталите, зборувам од стратешки аспект, за да може да успееме во преговорачкиот процес. Мене ми е драго што заедно сите чинители во општеството усогласивме апект на наш пристап како Република Македонија во преговарачкиот процес и преминуваме во таа следна фаза. Пред медијаторот Нимиц ќе ги кажеме сите наши ставови со сите наши аргументации, рече Заев.

Тој вели дека во нашите ставови и тоа како има грижа за грчките ставови за да гледаме што се случува и таму.

-Наша цел е тоа да помине и во Грција, верувам дека и на Грција, барем така беше презентирано пред мене од премиерот Ципрас, и е многу важно тоа решение да помине и во Македонија и на тој начин може да се најде решение. Да гледаме од позитивен аспект на сите овие случувања што се случуваат за Македонија, заради тоа што знаете дека ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, ќе добиеме и членство во НАТО, но ќе добиеме и живот. НАТО, ЕУ носат инвестиции, носат позитивни економски апсекти за граѓаните и се надевам дека сите ќе бидеме фокусирани пред се за интересот на граѓаните на Република Македонија и за Република Македонија, изјави Заев.

Коронавирус