петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев за Рашковски: Се потврди уште еднаш дека нема недопирливи, законот важи за сите

Заев за Рашковски: Се потврди уште еднаш дека нема недопирливи, законот важи за сите

„Само уште еднаш се потврдува дека нема недопирливи. Законите важат еднакво за сите“, вели премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како го коментира случајот со апсењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

Според него, презумцијата на невиност треба да се почитува.

„Сегашниот владин генерален секретар ги доставил сите податоци за набавката до ЈО. Не смееме да го осудиме некој, ако тоа не се докаже, Секогаш кон секој сум се однесувал така. Судот ќе пресече за ова чија е вината и дали има вина“, потенцира Заев.

Како што вели премиерот, Рашковски креирал систем, негов софтвер во МВР нема.

„Важна е пораката: Секој ќе си сноси одговорност за тоа што згрешил. Принципиелно стојам зад доказите, не стојам зад Рашковски“, заклучи премиерот.

Коронавирус