петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 151
home Вести

Заев за изненадувањето кое Ахмети го најави за 5-ти јуни: ДУИ ќе објави убава работа

Заев за изненадувањето кое Ахмети го најави за 5-ти јуни: ДУИ ќе објави убава работа

Премиерот Заев вели дека изненадувањето на ДУИ ќе биде убава работа. Тој денеска во изјава за медиумите рече дека знае за што зборува ДУИ но не сака да открие детали бидејќи тоа е агенда на ДУИ.

Рече дека партијата прави промени кои ќе донесат позитивен момент во целата држава но дека не сака да зборува за детали.

Утрово медиумите објавија дека ДУИ планира да предложи заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник на Скопје кој ќе биде етнички Албанец, но изјавата на Заев не даде потврда на тоа.

Коронавирус