петок, 14. мај 2021. Вести денес: 2
home Вести

Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила

Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила

Заев за една година исплатил 350 илјади евра за хонорарци, а можел да купи 7 болнички возила. Овие 350 илјади евра да се потрошеа на болнички возила, можеби ќе можеше едно од нив да го спаси животот на овчарот од кратовско, кој почина во болница, откако претходно 5 часа доктор на раце го носеше за да го спаси, затоа што немаше болничко возило кое можеше да го земе, изјави на денешната прес конференција, Дарко Костовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Овие 350 илјади евра наместо за хонорарци на Заев можеа да се потрошат за вработување на медицински персонал, па можеби ќе имаше кој да и даде кислород на жената што почина во штипската болница, затоа што немаше кој да и даде кислород. 350 илјади евра се пари со кои можеа да се набават десетина илјади вакцини, но наместо за тоа се потрошија за исплати кон синот на Самка Ибраимоски, претседателот на СДММ Марко Михаилоски, квази независниот колумнист Петрит Сарачини и други апологети на Заев, вели тој.

Костовски посочи дека со 350 илјади евра власта можеше да набави десетина илјади теста за Ковид, таблети и разни терапии, но наместо за лечење и спасување на човечки животи, 350 илјади евра во ек на пандемија беа потрошени за згрижување на коалициони партнери, функционери од партијата, нивни роднини, и таканаречените независни колумнисти.

– 350 илјади евра се пари со кои можеше да се направи многу и да се спасат стотици животи, но Заев одбра да ги дава за хонорарци, негови партиски активисти, коалициони партнери и дежурни фалбаџии во медиумите, додаде тој.

Коронавирус