четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Вести

Заев за бегството на убиецот на Мартин Нешкоски дознал од медиумите: Очекувам МВР да утврди каде е Игор Спасов

Заев за бегството на убиецот на Мартин Нешкоски дознал од медиумите: Очекувам МВР да утврди каде е Игор Спасов

Бегањето на Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски, ја разбрани јавноста. Социјалните мрежи вријат од коментари, а по молкот на надлежните, денеска конечно се огласи премиерот Зоран Заев. Тој за бегството дознал од медиумите, па очекува истрагата да покаже каде е осудениот.

-Очекувам истрагата да покаже каде е човекот. Прочитав од медиумите, во петокот првпат се информирав за оваа работа. Секако, институциите постапуваат согласно законот, и во делот на правото на кој било затвореник или човек кој ја извршува својата казна- правото на викенд, правото за одмор и постапено е согласно сите процедури. Очекувам МВР да утврди каде е господинот кој што велат дека не се вратил на време во затворот. Верувам дека истрагата многу брзо ќе соопшти што се случува односно каде е Спасов, изјави Заев.

Убиецот на Нешкоски ја нема одлежено целосната затворска казна која изнесува 14 години. Спасов со медицинска документација се ослободи повеќе од една година и беше тој период на слобода поради болест.

Спасов пред неколку дена не беше пронајден и беше недостапен на органите за прогон.

Вчера судот од Штип даде согласност за издавање на потерница за да се пронајде убиецот на Нешкоски, иако има шпекулации дека тој има пребегано за Турција.

Најнови вести

Коронавирус