петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 47
home Вести

Заев: Вртев и по тајни служби за помош за вакцини

Заев: Вртев и по тајни служби за помош за вакцини

Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју за телевизија Сител најави дека до крај на месецов ќе стигнат вакцини од повеќе производители. Откри и дека конктатирал луѓе од тајни служби низ светот.

-Фајзер договорот е потпишан. До крајот на март 21.000 вакцини ќе стигнат. Од април мај почнуваат да стигнуваат поголемите количини. Преку Ковакс очекуваме 20-30.000 да стигнат до крајот на март. Во март очекуваме да стигнат и кинеските. Работите зависат од севкупните количини произведени во светот. Последните писма ги испратиме до АстраЗенека Австрија. Иако претходно контактиравме и со АстраЗенека Британија. Вртев и по тајните служби да помогнат, луѓе кои биле дипломати, сега се шефови на МИ6 и слично, рече Заев.

Локални избори 2021