среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Вести

Заев: Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино

Заев: Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино

Не сме ветиле вработување на 300 пилоти во Арачиново туку реализација на пилот-проекти.

Ова го рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање за изјавата на жител на Арачиново дека ветувале, а не исполниле.

„Треба да внимаваме на лажни вести како што е оваа. Во Арачиново ветивме реализација на пилот-проекти и тие заедно со Општината се реализираат. Вработување на 300 пилоти нема ниту во мое Муртино”, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.