понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Вести

Заев во валкана игра: Вештачки се претставува нормализација на состојбата со коронавирусот во Македонија, само за да има избори

Заев во валкана игра: Вештачки се претставува нормализација на состојбата со коронавирусот во Македонија, само за да има избори

Секојдневно расте бројот на заразени со коронавирус во Македонија, а се зголемува и бројот на жртви. Граѓаните, со право, сé уште живеат во страв.

Сведоци сме како растеше бројот на заразени и починати, а црната статистика покажува дека Македонија е држава со најголем број на жртви сметано на милион жители во регионот.

Но, на СДСМ им е поважно да има избори. Со најавата дека бараат изборите да се одржат во најкус можен рок, тие го разбудија гневот кај македонскиот народ кој им порача дека здравјето е поважно од нивните гласови.

Изгледа затоа Заев смисли нова тактика. Ќе ги убедува граѓаните дека коронавирусот заминува од Македонија.

Во статистиките кои ги презентираат деновиве, граѓаните не веруваат. Според неговите настапи, во нив не верува ниту министерот за здравство Венко Филипче кој неубедливо тврди дека доаѓаме до нормализација на состојбата.

Заев го вовлекував Филипче во својата игра чија цел е да ги земе гласовите на граѓаните додека заразата зема животи.

Па се фрлија во игра на манипулација. Статистиките од изминативе денови се сиров обид за извртување на состојбата, убедуваат во нешто кое секој знае дека не е вистина.

Целта е пред јавноста да се создаде слика дека драстично се намалува бројот на заразени граѓани, а за да го постигнат замисленото одлучија драстично да го намалат бројот на тестови.

Во вчерашното соопштение на Министерството за здравство беше наведено:

„Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1“.

Седум нови случаи можат да бидат потврдени само поради нискиот број на тестови. Овие 113 тестирања се малку за време на ваква епидемија.

Завчера, пак, информираа:

„Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1“.

Државата сака да го убеди народот дека за 48 часа во Македонија се регистрирани само 12 новозаразени. Сите знаат дека тоа не може да биде вистина додека во светот, земји со развиени здравствени системи, прават масовни тестирања и бележат огромен број на заразени.

Разликата е очигледна. Тие држави имаат единствено за цел да се изборат со епидемијата, да го запрат смртоносниот вирус, на граѓаните да им обезбедат највисока здравствена заштита…. На нашата држава на чие чело е СДСМ, целта е да се одржат избори додека граѓаните се во грч.

Како пример се следат закажаните избори во Србија, како да се претстави слика дека не сме единствени. А зошто СДСМ го игнорира примерот на Полска која ги откажа изборите? Продолжената вoнредна состојба во Кореа?

Министрите на настаните кои ги организираат се појавуваат со маски на лицата, за да се заштитат себеси. А истовремено ги тераат граѓаните да одат на избори.

Вчера, на пример, министерката за одбрана Радмила Шекеринска се појави на настани за положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев. Беше дочекана со скандирање „Никогаш Северна, само Македонија“, а револтот кај граѓаните за промена на уставното име е само една од причините поради која СДСМ знае дека ќе биде казнета на избори. Но, таа, така заштитена со маска, држејќи дистанца од другите, го убедуваше народот дека изборите се многу важни во моментов.

Веднаш штом ќе се создадат услови, штом епидемијата ќе даде шанса да организираме избори, тоа треба да го направиме, порача Шекеринска.

-Не сакаме државата да влезе и во вториот бран на можната епидемија во втората половина на годината без Собрание и без целосно функционални институции во полн капацитет. Затоа сметаме дека се неопходни избори, изјави Шекеринска.

Во моментов, посочи, целиот свет се справува со последиците на КОВИД-19 вирусот и се подготвува не само за овој прв бран кој што беше во тек, туку се подготвува и за втората фаза на епидемијата, која сите ја очекуваат во втората половина на годината.

-Несериозно е како држава и ние тоа да не го правиме. Во моментов имаме вонредна состојба и имаме Собрание кое што е распуштено. Сметаме дека врвна одговорност е државата да обезбеди целосно функционирање на своите институции и да се подготви за вториот бран на епидемијата. Затоа нашиот став беше веднаш штом ќе се создадат услови, веднаш штом епидемијата ќе ни даде шанса да ги организираме изборите, тоа и да го направиме, потенцира Шекеринска.

Рече „штом се создадат услови“, а условите веќе вештачки се создаваат од Заев и Филипче. Намалуваат број на тестови, пласираат нереално мал број заразени… Таман до летово, така вештачки,  да создадат услови за избори.

Децата не одат во градинка и училиште, факултетите се затворени и студентите се дома. Но, во истите тие занимални и училници, СДСМ е подготвен да организира гласање на избори.

Доктор Андон Чибишев вчера посочи дека власта постапува несериозно и неодговорно и им порача дека „Власта е безвредна, секој живот вреди“.

-Само пред две недели опасноста од епидемијата беше на најависоко можно ниво. Постоеше опасност бројот на заболени рапидно да расте и со тоа да го парализира македонскиот здравствен систем со наплив на тешки болни кои ќе побаруваат висок степен на интенивна нега и лекување. Дури, за време на најголемиот христијански празник, Христовото воскресение Велигден, четири дена бевме во карантин. Сето тоа македонските граѓани послушно и дисциплинирано го испочитуваа и издржаа. И сега, одеднаш на волшебен начин опасноста помина, нема голем број на новозаразени и хоспитализирани, ситуацијата станува лефтерна. Затоа, Заев препорачува, да ја зграпчиме оваа прилика и да одиме на избори зошто на есен постои можност за повторна ескалација на епидемијата. Во тоа има безрезервна поддршка од најодговорниот, Министерот за здравство Филипче. Несриозно и неодговорно, драги мои. Плашите мечка со звечка. Власта е безвредна. Секој живот вреди, порача Чибишев.

За лажната слика дека „се е во ред“, на Заев му треба поддршка и од претседателот Стево Пендаровски.

Така, тој најави дека можно е да не прогласи нова вонредна состојба. Досега прогласи два пати по 30 дена. Овој пат рече два пати ќе размислел.

-Ако трендовите се навистина позитивни, дај боже, со цело срце посакувам така да биде, и ако ситуацијата во таа смисла здравствена, со Ковид-19 се смирува, јас ќе размислам два пати дали ќе бидам единствениот кој ќе продолжува – 30, плус 30, плус 30 и така до крајот на годината. Не сум сигурен дека ако трендовите во однос на Ковид се стабилизираат и генерално попуштаат и според првичните проценки и мерките за ограничување на движење, за реотворање постепено на бизнисите, не сум сигурен дека и во таква ситуација ќе решам – еве ви нови 30 дена, еве ви нови 30 дена и не се секирајте, јас постојано ќе давам нови 30 дена, бидејќи вторите 30 дена беа дадени или утврдени затоа што мораше, истакна шефот на државата.

Додека Пендаровски размислува, Светската здравствена организација ја продолжи вонредната состојба за нови 90 дена.

Македонија брои жртви, а на Заев му е до броење гласови: Зошто на екс-премиерот му се брза да има избори?

На лидерот на СДСМ, Зоран Заев му се брза да има избори. Додека граѓаните водат битка за сопственото здравје, екс-премиерот води битка за нивните гласови.

Предвремените парламентарни избори беа закажани за 12-ти април годинава, но се случи пандемија на коронавирус. Секојдневно расте бројот на заразени и починати во Македонија, народот живее во страв, илјадници луѓе останаа без работа и средства за егзистенција, загрижени се граѓаните за сопственото здравје и за здравјето на своите најблиски. Но, единствената грижа на Заев во моментов е како да протурка избори во најкус можен рок.

Бидејќи на секој разумен човек сигурно не му е јасна оваа неразумна и бесрамна идеја, анализираме зошто Заев толку сака избори. Истовремено доаѓаме до одговорот на прашањето: Зошто тие избори не треба да се случат брзо.

Македонија е на врвот на црните статистики по најголем број на жртви од коронавирусот во регионот. Земјава е под строги мерки, вонредна состојба, полициски час. Коронавирусот зема жртви. Секое групирање на повеќе луѓе е ризик за здравјето на македонските граѓани.

Ако изборите се одржат за кус временски период од сега, тоа ќе биде директно загрозување на здравјето на граѓаните и ризик од губење на повеќе животи.

Стравот кај народот нема брзо да помине. Тоа ќе резултира со досега незапамтена ниска излезност на изборите. Со мал број на гласови е полесно да се манипулира. Кому му одговара тоа? На политичар соочен со сите анкети кои му покажуваат дека народот нема доверба во него и дека граѓаните се разочарани.

Зоран Заев знае дека граѓаните ги помнат сите негови лажни ветувања кои ги даваше пред претходните избори и не ги исполни. Довербата ја загуби бидејќи докажа дека ветуваше се и сешто за да седне на фотелја. Потоа ги заборави.

Замислете какви ветувања сега ќе биде спремен да дава знаејќи дека веќе еднаш му успеало со лажни ветувања да добие гласови на избори.

За време на предизборната кампања, Заев ќе ги изнесе на улица сите свои партиски симпатизери и ќе ги втурне во оган и опасност да бидат заразени, само за тој да има посетен митинг. Од друга страна, за да го избегне ова можно е да одлучи да нема митинзи и посети на граѓани на терен. За да не можат во лице да му кажат дека не му веруваат.

Тогаш тој ќе си ја води кампањата од својата удобна канцеларија на Бихаќка, па од таму може да ветува што ќе му падне на памет.

Кога не го гледаш во очи оној на кого му се обраќаш, полесно е да зборуваш ако реално немаш што да кажеш.

Ветувањата на Заев сме ги чуле до сега, не сме ја виделе реализацијата. Тој кога ветува брда и долини не кажува ниту колкава сума ќе биде потрошена за тој проект, ниту кога ќе започне и кога ќе заврши. Ја нема таа пресметка бидејќи знае дека тие проекти нема да се реализираат.

Доколку изборите во Република Македонија се одржат брзо, по барање на Заев, со сигурност ќе биде драстично намален и бројот на набљудувачи кои на сите избори досега доаѓаат во нашата земја да се погрижат изборите да бидат фер и демократски. Ова на Заев ќе му дојде како “кец на десетка“. Без набљудувачи, тој на терен ќе може да си скрои фалсификат по мерка.

Коронавирус