Премиерот Зоран Заев денеска ги почнува најавените средби со лидерите на партитите од Собранието со цел обезбедување поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и решавањето на статусот на СЈО преку истиот.
Владеачката коалиција е во потрага по двотретинско мнозинство во Собранието за усвојување на измените во Законот за јавно обвинителство, со кои се дефинира статусот на Специјалното јавно обвинителство.Заев е оптимист дека ќе успее да го обезбеди парламентарното мнозинство особено поради тоа што судбината на СЈО е услов за почетокот на преговорите со ЕУ.
Европската комисија бара овој закон да биде донесен со широк консензус и така да се зацврсти неговата иднина како услов земјата да добие датум за преговори со ЕУ во јуни.