среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 6
home Вести

Заев во писмо до дипломати објаснува за целосна реализација на обврските од договорите со Грција и Бугарија по формирање на влада предводена од СДСМ

Заев во писмо до дипломати објаснува за целосна реализација на обврските од договорите со Грција и Бугарија по формирање на влада предводена од СДСМ

Дипломатски извор неофицијално го брифираше Плусинфо дека Зоран Заев деновиве испратил писмо до европратеници и до други западни дипломати, во кое лидерот на СДСМ, во четири точки, наводно ги објаснил своите лични позиции и позициите на неговата партија во врска со претстојните парламентарни избори во Македонија.

Заев во депешата наводно објаснил дека „сите обврски што ги презел со Договорот за добрососедство со Бугарија и со Преспанскиот договор со Грција ќе ги реализира во целост штом ќе биде во можност да формира влада предводена од СДСМ“, пишува Плусинфо.

-Заев нагласил дека очекува „изборите да бидат прогласени за чисти“. Тоа, во принцип, не би било невообичаено барање, коментира нашиот извор, доколку изборите не се одржуваат предвремено и според Пржинскиот модел, во време на пандемија и во земја која се смета за хибриден режим, поради што е потребен засилен мониторинг на изборниот процес. Логично е оценката дали и колку изборите биле „чисти“ да се даде по нивното завршување, во зависност од тоа дали тие навистина биле фер и демократски. Доколку потребата од итни предвремени избори се оправдува со реализација на двата договора, вели изворот на Плусинфо, големо прашање е што значи зборот „целосна“ и зошто воопшто реализацијата на двата договора се поврзува со условот да биде формирана влада предводена од СДСМ. Дали тоа значи дека на меѓународната заедница ѝ се сугерира заклучок дека некоја друга влада во Македонија нема да ги исполни преземените обврски од меѓудржавните договори?, стои во текстот на Плусинфо.

Целито текст може да го прочитате ТУКА

Коронавирус