четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 206
home Вести

Заев во одбрана на Филипче: Ставовите на Пендаровски се несоодветни

Заев во одбрана на Филипче: Ставовите на Пендаровски се несоодветни

Премиерот Зоран Заев ги оцени како несоодветни ставовите на претседателот Стево Пендаровски по вчерашниот состанок на Советот за безбедност.

Вели дека секој има право да го каже својот став, но во ваква ситуација државниот врв треба да соработува.

-За мене прво е слобода и тоа што се случува меѓу претседателот и министерот е слобода. Нормално кога министер од мојата Влада реагира јас знам за тоа и не би требало да правам огради или слично. Јас знам за тоа министерот ме консултираше. Нападот е навистина несоодветен, јас го почитувам претседателот многу, имаме одлична соработка, но знаете не ни е лесно на никој. Прашањето којшто правиме во сите овие моменти да час поскоро најдеме вакцини, да ги донесеме, имунизацијата да се спроведе и слично, рече Заев.

И покрај тврдењето на Пенадаровски дека сите контакти за набавка на вакцини оделе преку неговиот кабинет, министерот Филипче вчера повтори дека неговиот придонес е нула.

Претседателот Пендаровски својот став на оваа тема го искажа во вчерашното соопштение до јавноста во кое појасни дека од крајот на минатата година, кога преку Кабинетот беа направени првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, па се до денес, сите релевантни информации во врска со процесот за набавка на вакцини ги споделува со надлежното министерство во Владата, се вели во денешната рекација на шефот на државата.

Најнови вести

Локални избори 2021