недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

Заев во одбрана на Богоевски: Тоа си е лична работа

Заев во одбрана на Богоевски: Тоа си е лична работа

Она што во приватниот живот на одредена личност нема рефлексија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично право, рече денеска премиерот Зоран Заев, коментрајки го случајот со пратеникот Павле Богоевски, пренесува Фактор. Заев застана во негова одбрана и рече дека тој е активен во Собранието, но повика истрагата да се заврши.

„Јас сум транспарентен човек секогаш сум повикувал на одговорност, сум разрешил луѓе, директори…Сега зборувам за нови промени. Она кое што во приватниот живот на одредена личност нема рефлексија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично право како се однесува. Затоа и мојата политичка партија соопшти дека тоа е негово лично право, негова лична одговорност и етичко однесување. Неговото работење во парламентот е успешно. Тој е еден од активните учесници во парламентот и учествува во комисиите. Каква и политичка одлука да донесе ќе ја почитувам“, изјави Заев кој денеска е во Виена.