недела, 16. мај 2021. Вести денес: 5
home Вести

Заев во одбрана на Бејта: Со осомничениот за „Монструм“ разговараа за земјоделските субвенции

Заев во одбрана на Бејта: Со осомничениот за „Монструм“ разговараа за земјоделските субвенции

Премиерот Зоран Заев си поигрува со трагичната судбина на семејствата на свирепоубиените кај Смилковското езеро.

Јавноста очекува конечни одговори за трагедијата. Изјавите на родителите на жртвите се срцепарателни, а односот на Заев кон нив сосема бесчувствителен. Во воздух лебди прашањето: Кој лаже, Заев или семејствата?

Заев денеска изјави дека ќе се појави како сведок во случајот „Монструм“ доколку тоа од него го побара судот. Додека семејствата на убиените живеат во агонија, Заев застанува во одбрана на Бејта.

– Ако побара судот да бидам сведок и да кажам се што знам, тоа ќе го направам бидејќи тоа ми е граѓанска должност. Сите материјали, не само оние за „Монструм“ коишто сум ги поседувал, се е предадено, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој додаде дека сега остануваат постапките на судските органи кои треба да донесат одлуки.

Во врска со тврдењата за разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта, премиерот рече дека во „бомбите“ имало разговор меѓу нив во кој Азири барал субвенции за земјоделство. Тој разговор, како што посочи, им го покажал и на родителите на убиените момчиња кај Смилковското Езеро.

Горан Наќевски, таткото на Александар едно од убиените момчиња кај Смилковско Езеро на последното рочиште во судот истакна дека премиерот Зоран Заев на средбата со нив им покажал транскрипти од разговор меѓу Невзат Бејта и еден од обвинетите.

-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината, рече таткото на Наќевски.

И мајката на свирепо убиениот Александар сведочеше за ваквите материјали кои им ги покажувал Зоран Заев.

– Се слушаше гласот на Фејзи Азири и непознатото лице: „Вечерва сонував лош сон. Сонував како му ги врзуваат рацете на момчето и плачев. Си велев, да не нè се израдувам, да не нè го завршам тој никаквец“, цитира Зорица Наќевска, мајката на Александар, дел од транскриптот од разговорите.

Ова само потврдува дека Зоран Заев прилично добро бил информиран за случајот „Монструм“, за сторителите, за јатаците и за контактите на обвинетите со функционерите на ДУИ како што е случајот со Невзат Бејта.

Братот на Азири го прашува Спасовски: Дали Заев ќе биде спроведен во судот за да даде изјава каква што им соопштил на семејствата во неговиот кабинет?

Бејди Ајдари, брат на обвинетиот Фејзи Азири во случајот „Монструм“ побара од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, премиерот Зоран Заев стражано да биде спроведен во суд, за да даде изјава каква што им соопштил на семејствата на трагично загинатите кај Смилковско езеро.

– Господине министер, ако исполнувате желби, Горан Наќевски (еден од родителтите на трагично загинатите кај Смилковско езеро на 12 април 2012 год.) имаше една желба која беше јавна и искажана во судско рочиште во случајот „Монструм“, иако немаше рочиште бидејќи беше одложена по позната причина. Цитирам: „Барам премиерот Зоран Заев стражарно да биде спроведен во суд за да даде изјава онаква каква им соопштил на семејствата во неговиот кабинет“, така што сите ќе знаеме што им соопштил вашиот и наш премиер во овој случај, напиша Ајдари на својот Фејсбук профил.

Според него, симптоматично е што било соопштено дека Фејзи Азири бил преведен, а не стражарно обезбеден бидејќи тој не избегал од затворот, туку бил е пуштен на прекин од надлежните органи.

-Точно е дека Фејзи Азири не се вратил во рокот кој бил пропишан во Решението, но пред да му истече рокот за прекин, Азири бил хоспитализиран во болница, го известил телефонски директорот на Штипскиот затвор и истиот законски побарал да му се продолжи прекинот заради сериозноста на болеста која што ја добил баш во тие затвори, каде што условите за издржување на казни многу добро ви се познати, вели Ајдари.

Заев застанува во одбрана на Бејта

Премиерот посочува дека во „бомбите“ имало разговор меѓу Бејта и Азири во кој Азири барал субвенции за земјоделство. Тој разговор, како што посочи, им го покажал и на родителите на убиените момчиња кај Смилковското Езеро.

Дури и да е тоа така, тогаш СЈО треба да реагира.

Но, СЈО нема покренато никаков предмет против Бејта за ургенции за земјоделските субвенции.

 

 

Коронавирус