понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 97
home Вести

Заев во јуни 2019: Во октомври ќе добиеме датум имаме гаранција за тоа, во октомври истата година Заев праша кој го изјавил тоа? (ВИДЕО)

Заев во јуни 2019: Во октомври ќе добиеме датум имаме гаранција за тоа, во октомври истата година Заев праша кој го изјавил тоа? (ВИДЕО)

На македонската јавност веќе повеќе од јасно и е дека преговорите за влез во Европската унија не само што нема да започнат, туку и дека оваа власт предводена од Зоран Заев ќе распродаде и се што е малку останато поврзано со нашата историја и јазикот.

Како и секоја година така и по блокадата на Бугарија пред неколку дена целата власт изјавува дека се оптимисти дека во иднина ќе ги започнеме преговорите со Европската унија, но за ова оптимистички Заев зборуваше и во јуни минатата година.

-Дека октомври ќе биде октомври и таму стои не подоцна од октомври, ја добивме писмената правно формална гаранција, велеше Заев за добивањето на датумот во јуни 2019 година.

Додека пак на новинарско прашање и потсетување на Заев тоа што го говорел во месец јуни, тој во октомври откако не доби Македонија датум за преговори реторичко само праша „Јас сум изјавил такво нешто?“

По ваквите изјави на Заев и речиси на целото раководство на СДСМ и власта во изминативе три години јавноста повеќе од јасно е дека очекува оставки, како и засрамување за неисполнетите нивни ветувања пред македонскиот народ.

Коронавирус