четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 50
home Вести

Заев во еднодневна официјална посета на Тирана

Заев во еднодневна официјална посета на Тирана

Претседателот на Владата Зоран Заев ќе оствари еднодневна работна посета на Република Албанија.

Премиерот Заев ќе учествува на Самитот на земјите од Западен Балкан. Со Самитот ќе претседава албанскиот премиер Еди Рама, а ќе учествуваат еврокомесарот за проширување и добрососедство, Оливер Вархеји, претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, како и премиерите на Косово Албин Курти, на Србија Ана Брнабиќ и на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија.

Од Владата информираат дека Заев заедно со Рама на маргините на Самитот ќе го потпишат и Договорот за воспоставување заеднички гранични и царински контроли на граничните премини меѓу Република Албанија и Република Северна Македонија.

Премиерот Заев попладнето и свечено ќе го отвори Културниот центар на Република Северна Македонија во Тирана.

ЕУРО 2020

Македонија