понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Заев во брутална пресметка со новинари и медиуми, хибридниот режим блеска (ВИДЕО)

Заев во брутална пресметка со новинари и медиуми, хибридниот режим блеска (ВИДЕО)

На вчерашната прес-конференција која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја држеше во македонското Собрание, тој ја покажа својата ароганција и нетрпеливоста кон медиуми кои не му ги поставуваа прашањата кои нему му одговараат.

Кога од него се побараа конкретни одговори на прашања како тоа за неговите навреди кон ДУИ со која сега сака да прави Влада, Заев прво почна да си селектира кој новинар може да му постави прашање, а кој треба да почека.

Потоа, откако го замолчи новинарот кој имаше конкретно прашање, Заев почна да ги етикетира медиумите. Едни му биле по мерка, други не бидејќи пишувале добро за ВМРО-ДПМНЕ. По ваквото негово однесување, реагираа новинарите кои беа на работна задача на таа прес-конференција, како Фуркан Салиу и Александар Митовски.

Тие му порачаа дека не може самиот да селектира новинари. Заев тогаш самиот призна дека си ги дели медиумите според нивната уредувачка политика.

-Мое право е во делот на мојата слобода е да ја нотирам политичката целосна определба на медиумот и тоа комплетна определба на медиумот контра власта, целосно во ВМРО-ДПМНЕ. Еден дел од нив функционираат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.Медиумот треба да биде независен, треба да биде критичен и афирмативен кога заслужува политиката. Овде имаме комплетна политичка определба на медиум со сите свои негрижи барем да се скрие дека е проВМРО определен. Правото на слобода како што го имате сите треба да биде и мое право на слобода да искоментирам, истакна Заев покажувајќи ја својата нервоза.

По завршувањето на прес-конференцијата, уредникот на Инфомакс на чие прашање Заев не сакаше да одговори, преку Фејсбук му порача:

„Човекот презентираше дека сака да има целосна контрола врз секој аспект на општествениот живот. Сака да контролира медиуми – па оние кои не го хвалоспеваат вели дека се вакви или онакви. Неговата потрпетседателка Шекеринска дури и ме прогласи за анти-државен елемент. Структурите на Заев во тајната полиција дури и ме следеле – за тоа има и досие под назив „Атлантик“ (инаку предмет со кој си ги оправдаа средствата кои ги злоупотребија од даночните обврзници на САД)

И внимавајте, Заев вели дека „децата му плачеле“ од мене или новинарите како мене – демек, многу сме го критикувале.

Еее, види мајката…

А, си се запрашал ли Зоран колку деца плачеа од твоите политики? Колку деца плачеа кога се затвараа бизнисмени затоа што не бил доволен рекетот? Колку семејства се завиени во црно затоа што ги лажеше дека ќе им ја обелодениш вистината?

Знаеш ли Заев колку деца плачат поради поскапувањето на струјата, а? Или, колку деца се расплакани затоа што немаат вода во Синичане? Колку деца плачат затоа што денес таткото и мајката вработени во администрација се расправаат затоа што најави дека ќе ги бркаш?

Знаеш ли Заев, колку деца плачат по сценариото „Диво Насеље“, а?

Срамота Заев, досега беше хибриден диктатор – отсега, диктатор“- напиша Митовски.

Коронавирус