сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 23
home Вести

Заев во август отфрлаше било каква комуникација со Боки 13 за случајот „Рекет“, судот денеска потврди: Боки комуницирал со Заев и тој знаел сѐ!

Заев во август отфрлаше било каква комуникација со Боки 13 за случајот „Рекет“, судот денеска потврди: Боки комуницирал со Заев и тој знаел сѐ!

На денешното рочиште за „Рекет“ на кое беа презентирани материјални докази од страна на Обвинителството беше презентирана и комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Обвинетиот Јовановски го молел поранешниот премиер Заев, да го прими на состанок. Во комуникацијата остварена во февруари 2019 година, обвинетиот Јовановски му пишувал на тогашниот премиер Зоран Заев.

-Во име на нашето познавање и почитување ве молам да ме примите на средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, му пишал Јовановски на Заев.

На оваа барање Заев, му одговара дека се залагал за владеење на правото и дека оваа е недозволиво.

– Ги видов доказите, оваа е чист рекет, му вели Заев на Боки 13.

Овие докази Обвинителството ги обезбедило од  Ватсап комуницирал меѓу Боки 13 и неговата мајка Јасминка Јовановска, остварена во април 2019.

Инаку иако денеска судот ја откри тесната комуникација помеѓу Боки 13 и поранешниот премиер тој во август минатата година свесно лажеше и преку статус на својот Фејсбук профил и ја отфрли било каквата поврзаност, соработка или пак комуникација со Боки 13 за случајот „Рекет“.

„Најостро, категорично и одговорно отфрлам било каква поврзаност, соработка или комуникација со осомничениот Бојан Јовановски во врска со случајот „Рекет“ и за било какви други прашањата кои се предмет на истрагата за овој случај. Со Бојан Јовановски единствено имам разговарано за хуманитарни активности на неговиот Меѓународен сојуз, после што ниту јас ниту Владата не сме имале никаква натамошна соработка, ниту формална, ниту неформална. Се имам појавено и на интервјуа во 1тв, како што редовно се појавувам на сите други телевизии и медиуми, во интерес на отвореноста кон јавноста“, напиша во август Заев.

Инаку за потсетување на јавноста во разговорите на италијанскиот весник „Ла Верита“ Боки 13 постојано ја истакнуваше својата блискост со премиерот и дури и му ја гарантира на Камчев неговата поддршка.

Тој му велеше на Камчев дека разговарал со Заев и дека тој нема да прави проблем, објави во август италијанскиот весник.

Коронавирус