недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 105
home Вести

Заев: Видовте како работи оваа Влада, сега ни остана само едно

Заев: Видовте како работи оваа Влада, сега ни остана само едно

Народе мој, видовте како работи Влада која не ги дели луѓето. После 20 години, прашањата од Охридскиот договор се целосно спроведени. Нема веќе изговори. Доста беше „повеќе за оваа страна, помалку за другата страна”. Се гради секаде, силно, од двете страни на Вардар. А над Вардар градиме мостови, ваши, наши, на сите, заеднички. Нема повеќе злоупотреба на етничките односи заради дневна партиска политика, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

-Сега ни останува само едно: заеднички да работиме за децата да ни останат овде, да живеат овде и да работат и просперираат тука, во својата земја. Тоа значи да се обединиме и заедно да сработиме за повеќе работни места, за почиста животна средина, за квалитетни услуги за секој човек, за повеќе пари во секое семејство. За подобар живот, порача премиерот Заев. (МИА)

Коронавирус