среда, 30. септември 2020. Вести денес: 7
home Вести

Заев вети и излажа за 500 евра плата: Синдикатите бараат поголеми плати, се најавуваат протести и незадоволството расте секој ден

Заев вети и излажа за 500 евра плата: Синдикатите бараат поголеми плати, се најавуваат протести и незадоволството расте секој ден

Премиерот Зоран Заев ги излажа граѓаните кога им ветуваше плата од 500 евра само за да го добие нивниот глас на избори. Откако си ја исполни личната амбиција да дојде до функција, тој заборави на она што го ветуваше и потребите на народот воопшто не му се важни.  Затоа сега се соочува со револтот на граѓаните кои се чувствуваат изманипулирани.

ОДЛУЧЕНО: ”ОБРАЗОВЕН БУНТ” на 17-ти јануари, си ги бараат ветените повисоки плати!

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) најави дека на 17-ти јануари, во пет минути до 12 часот, ќе одржи јавен предупредувачки протест пред Владата на Република Македонија.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија во повеќе наврати оваа година јавно на прес – конференции реагираше на нефункционирање на социјалниот дијалог и партнерство на сите нивоа, воедно и на кршење на Уставот на РМ, Законот за работни односи, закони на дејностите, општите колективни договори, гранските колективни договори, поединечните колективни договори, како и одредби од меѓународни конвенции кои ги има ратификувано Република Македонија.

Исто така КСС реагираше за вршење на разни облици на притисоци на сите нивоа врз синдикални претставници и членови на синдикатот, преку изрекување на казни и откази од работа, што кулминираше со отказот на Претседателот на КСС, Благоја Ралповски, со што јасно се праќа порака дека со најекстремни методи се обидуваат да го загушат синдикалното движење.

-КСС за овие случаи постојано ги известуваше меѓународните организации каде што членува, како и Меѓународната организација на труд, но и покрај нивното укажување, по писмен пат и со непосредни посети, дека грубо е прекршена Конвенцијата на МОТ, бр. 87, за слободно здружување и заштита на правата за организирање, од месец во месец, од ден во ден се повеќе се зголемуваа притисоците. Повеќе пати предупредивме дека ќе преземеме радикални, синдикални мерки и еве сега изјавуваме дека времето истекува. Конференцијата на КСС која што е највисок орган меѓу два Конгреса, донесе одлука за ЈАВЕН ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ, кој ќе се одржи на 17.01.2018 година пред платото на Владата на Р.Македонија со почеток во 5 минути до 12 часот, информираат од таму.

БАРАЊА НА КСС ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА:

– Веднаш да престанат притисоците врз вработените во јавниот сектор, а особено притисоците врз синдикалните претставници и обидот за загушување на синдикалното движење.

– Веднаш да се пристапи кон усогласување на платите во јавниот сектор согласно зголемувањето на минималната плата од Октомври 2017 година.

– Веднаш да започнат преговори за зголемување на платите во јавниот сектор без дискриминација на одредени дејности.

-Веднаш да започнат преговори за измена и дополнување на Општиот колективен договор за јавниот сектор со цел подигнување на работничките права во делот на минат труд, правото на регрес за годишен одмор и породилното отуство.

– Задолжително да се усогласуваат барањата за платите во јавниот сектор помеѓу репрезентативните синдикати и Владата, пред секое планирање на Буџетот на Р.Македонија.

– Веднаш, а најдоцна до 16 јануари 2018 година, Претседателот на Владата на Република Македонија или од него овластени претставници да организира работна средба со раководството на КСС, со цел на договарање на заеднички решенија за надминување на состојбите кои се причина за организирање на ЈАВНИОТ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ПРОТЕСТ.

-Сакаме да ја искажеме нашата спремност и истрајност дека ништо нема да не поколеба, ниту најекстремниот обид за спречување на овој протест затоа што нашето членство е спремно и овој момент да излезе на улица. Ги повикуваме сите синдикати, како и други граѓански и невладини организации со свои претставници да учествуваат во Јавниот предупредувачки протест по основ на солидарна поддршка, апелираат од КСС.

Нов скандал во ССМ: Работници остануваат без работа и плата, а самопрогласениот претседател ужива во луксуз и елитни ресторани

Нема крај на скандалите во ССМ и на државно-прогласениот Димовски за претседател на ССМ, негиран и од синдикатите во ССМ и довчерашните сојузници.

Во услови кога работници се испуштаат и одат на улица па дури и од фирмата ЈП Водовод од каде доаѓа Димовски, во услови кога треба да се сумираат резултати од непримените плати, К-15, непродолжен колективен договор во стопанството, непотпишан колективен договор за јавен сектор, ненаправена анализа на економски план од Владата, неотворени синдикални прашања, Димовски со своите истомисленици и вработени во ССМ и СИНАГ (претпријатие во кое правува Ристо Ајтов вработен во АРМ), слави во елитни ресторани трошејќи ги средствата од чланарината на работниците.

Додека работникот во Македонија тешко може да си дозволи славење, Димовски со своите приврзаници во придружба на  обезбедување со криминални досиеја троши средства од сметките на ССМ и СИНАГ.

За скандалот да е уште поголем, ја затвора зградата на ССМ и информира дека прв работен ден за вработените е деветти јануари. За прв пат во историјата на ССМ зградата останува заклучена, без можност македонскиот работник да се обрати и да побара правна помош, совет и заштита.

Да не зборуваме за синдикалниот молк, за сите проблеми поврзани со отварањето на неколку стечаи, молкот околу условите за работа од загадувањето, повлекувањето од синдикалната борба за договорите на определено време, злоупотреба со платите…

Очигледно на синдикалниот мрак, се надоврзува и зимскиот сон на кој што жестоко реагираат работниците. Заради ваквото однесување на непризнатото раководство Светската Конведерација на Синдикати го  суспендира ССМ од членство, а деновиве поради сите случувања пред и околу вонредниот конгрес и кршењето на статутот и правилата на демократски избор се очекува да го направи и Европската Конфедерација на Синдикати.

Наспроти овој зимски сон  во ССМ, Димовски не заборава да дели бонуси и награди влклучувајки се и самиот себеси.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со предлог-закон за зголемување на платите во јавниот сектор

Уште во месец август годинава, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднесоа предлог-закон за зголемување на платите.

Зголемување на платите во јавниот сектор за 5% побараа пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ поднесувајќи предлог закон до собранието. Измената предвидува да се зголемат платите за 5% во 2018 и дополнително за уште 5% во 2020 година.

Со овој предлог закон се предвидува зголемување на платите на вработени во државната и јавната администрација, значи здравство, образование, полиција, војска и јавни претпријатија. Истиот закон претставува изборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ и претставува реална потреба за вработените.

Но, и ова било само едно од лажните ветувања на СДСМ бидејќи овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ беше одбиен од мнозинството во Собранието.

Коронавирус