вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Заев вели ќе се бори против корупцијата, а на Антикорупциска се уште не може да и овозможи услови за работа

Заев вели ќе се бори против корупцијата, а на Антикорупциска се уште не може да и овозможи услови за работа

Дали Владата веднаш најде пари за новото министерство со кое раководи ДУИ, а не и за нов простор за канцелариите на ДКСК кои ги ветува неколку години наназад? Наместо во нови простории, антикорупционерите завршија со реновирање на постоечките канцеларии близу Собранието.

Тврдењата на министрите Љупчо Николовски, Бојан Маричиќ и Фатмир Бесими дека „се нема пари“, кои ги слушнала претседателката на Антикорупциска Билјана Ивановска, се покажаа невистинити кога Владата најде околу 14 милиони евра за објектот во кој, покрај Министерството за политички систем, ќе бидат сместени и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, како и Националниот Албански ансамбл. Но, не и Антикорупциската комисија.

„Јас да ви кажам верував во приказната дека толку се парите особено со КОВИД кризата и навистина сметав дека дотука е силата и дека можеби и ние не треба да премногу притискаме да ни се купи простор по секоја цена. Всушност и за тоа отидовме на варијанта Б да се среди ова како може да се среди, меѓутоа да биде поевтино и од друга страна да се обезбеди неопходни услови за работа. Меѓутоа со последниве настани кога се изброија 14 милиони евра не верувам веќе во таа приказна дека нема пари за ДКСК“, нагласи вчера претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во „Утрински Брифинг“.

Ивановска дури додаде дека кога и да се сретне со функционерите од власта секогаш едно исто и ветуваат дека просториите на ДКСК ќе бидат наскоро, но никако ветувањето да си го исполнат. А, за жал во таа зграда кај што влезе Груби требаше да се всели ДКСК и Финансова полиција. Во таа зграда требаше да се влезат побитни институции кои треба да откриваат корупција и криминал.

Но според премиерот на Зоран Заев, лани владата одвоила пари за реконструкција на постојните простории на Антикорупциска, а за оваа година наместо 11 милиони денари, предвидени се плус 38 милиони денари за компјутери и опрема.
„Оваа Влада покажува комплетна насоченост и почитување на сите регулаторни тела во државата и презема конкретни мерки за нивно подобро функционирање, а пред се кон Државната комисија за спречување на корупцијата“, објасни премиерот Зоран Заев на 05.01.2021 алудирајќи на тоа колку Владата со која раководи ја почитува ДКСК како регулаторно тело.
Ивановска дури во вчерашното гостување поради вакви случувања во „Утрински Брифинг“ истакна дека во ДКСК веќе почнале да го градат чувството дека поддршката од власта е само декларативна.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија