петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 161
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Вести

„Заев велеше дека блескаме, а донесе рецесија, над 50 илјади луѓе останаа без работа“

„Заев велеше дека блескаме, а донесе рецесија, над 50 илјади луѓе останаа без работа“

Македонија и официјално е во рецесија. Лошите политики допринесоа државата економски да пропаѓа. Од толку што е јак економист Заев, Македонија проплака. За 10 месеци 50.000 луѓе останаа на улица. Ни се случува втора транзиција, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев е политичарот кој велеше дека блескаме, а донесе рецесија и немаштија. Вчера ДЗС објави статистика дека цените на мало растат, тоа значи дека храната и пијалоците стануваат се поскапи. Лебот станува се поскап! Преживувањето во Македонија под Заев е се потешко. Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. Заев донесе апсолутна сиромаштија. Состојбата ќе станува уште подраматична особено, ако се земе во предвид фактот дека извозот е намален, тоа значи дека се помалку работат фирмите и е намалена економската активност, велат од партијата.

Од таму додаваат дека намалената активност на фирмите влијае и на намалувањето на приходите во Буџетот, се на се крах во економијата.

-Јавниот долг за неполна година е зголемен од 49% од БДП на 61%. Додека буџетскиот дефицит за оваа година ќе изнесува над 900 милиони евра. Ова е економско цунами. Заев продава се државно за да може да ги покрие дупките, а народот останува без леб, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус