петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Заев веќе не може својата неспособност да ја правда со „режим“

Заев веќе не може својата неспособност да ја правда со „режим“

Заев на прашање на новинарот на емисијата „360 Степени“ дали се согласува дека ова е голем срам за Македонија што државните институции потфрлиле, тој правдајќи се одговори:

„Значи новинар сте, ги следите случувањата во Република Македонија, оваа земја беше под режим со комплетно урнисани институции, не може да очекувате дека земјата веднаш ќе блеска. Секако системот некаде дал свои слабости, тоа истрагата ќе го покаже.“

Заев секогаш својата неспособност ја искажува и се правда со режим иако тој веќе е на власт 18-тина месеци. Тоа исто му го потенцираше и новинарот дека тој како премиер е веќе година и неколку месеци ја има власта и имал доволно време, барем на одговорните позиции, да постави луѓе кои што ќе се обидат тие пропусти за кои зборувал колку толку да ги адресира.

Заев збунето само на сето ова образложи дека со сигурност може да каже дека Оливер Спасовски нема никаква одговорност.  И ја префрли вината на некој „партиски“ полицаец или цариник дека имал пропусти и пак се наврати дека истрагата ќе покаже.

Коронавирус