вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Вести

Заев утре во Солун на средба со Мицотакис и претставници на грчки компании

Заев утре во Солун на средба со Мицотакис и претставници на грчки компании

Средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции, најави денеска премиерот Зоран Заев за време на неговата посета на Солун, каде ќе се сретне и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Заев одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на филолошки и на културолошки истражувања“ во рамки на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје рече дека утре заминува за Грција и нагласи дека ќе се обрати на годинашниот Самит во Солун и ќе информира присутните за сите предности што ги има во земјава.

-Сакам да го споделам чувството на задоволство, колку е голем интерсот на грчките компании, особено за долната половина на државата поради близината на транспортот, рече Заев.

Самитот во Солун се одржува утре и задутре под покровителство на претседателот на Република Грција, Прокопиус Павлопулос.
Како што соопшти владината прес-служба, Заев на самитот е поканет заедно со претседателите на владите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов за да учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи во четврток вечер на 14 ноември.Самитот во Солун оваа година се одржува по четврти пат, во организација на Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.
Премиерот денеска одговарајќи на новинарски прашања изрази задоволство од средбата меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Франција, Емануел Макрон, нагласувајќи оти е задоволен од позитивните коментари кои ги изнел Пендаровски по средбата.

Истакна дека следува реформирање на методологијата на преговорите, но оти останува мотивацијата на институциите дека треба да продолжат да работат и да бидат фокусирани на процесот.