среда, 23. септември 2020. Вести денес: 135
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Заев уценува избори со Законот за опојни дроги, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати по ниедна цена

Заев уценува избори со Законот за опојни дроги, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати по ниедна цена

Соочен со катастрофалните резултати на анкетите кои покажуваат се’ послободен пад на СДСМ, премиерот Зоран Заев, на само неколку дена пред формирањето на Техничката влада, ги користи сите механизми за да го одложи соочувањето со граѓаните на изборите закажани за 12 април.

Свесен за поразот, но и крајот на политичката кариера, Заев очајно бара алиби со кое ќе ги одложи изборите, па така во купот Закони со кој СДСМ уценува за одржување на избори, се и измените на Законот за опојни дроги за кој во екот на одлучувањето на датумот за преговори злоупотреби и го стави европското знаменце.

Со овој Закон, практично се штитат неговите бизнис интереси, особено ако се знае дека блиски на Заев се во бизнисот за производство на масло од канабис, а фамилијата „дебело“ профитира од тој бизнис.

Истиот ден кога Заев отиде во Брисел да лобира, односно да се обиде да добие дата за отпочнување на преговори, во Собранието стигна честитка од предлог-закон за опојни дроги по постапка којашто на тој закон му доделува европско знаменце кој се фокусира на производството и трговијата со марихуана.

Сега истиот тој закон е во собраниска процедура и со него Заев оценува одржување на избори.

Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи Законот за опојни дроги

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски неодамна изјави дека Македонија не доби датум затоа што Зоран Заев го злоупотреби процесот на зачленување на државата во ЕУ за да направи корист на сам себе и неговата потесна фамилија, а тоа европските лидери го гледаат.

-Видовме и дека формално се бореше за „датум“ за преговори со Европската унија, во Македонија пушти закон за извоз на сув цвет од марихуана на кој што стави европско знаменце злоупотребувајќи го целосно процесот на зачленување на Македонија во европската Унија, затоа што никаква врска нема марихуаната со Европската Унија. Потоа се чудеше зашто нема датум кога го гледаат лидерите на ЕУ, потенцираше Николоски.

Заев нема поддршка за Законот за опојните дроги, ниту од останатите партии. Левица смета дека со Законот за психотропни супстанции каде што се монополизира бизнисот на фамилијата Заеви за марихуана.

-Владата на Заев не испорача ни „р“ од реформи, тоа е тотално неспособна влада, најнеспособна влада која што сме ја имале од осамостојувањето до денес, освен за лични бизниси, народ нема никаков ќар, видовме дека е пуштен Закон за психотропни супстанции каде што се монополизира бизнисот на фамилијата Заеви за марихуана, а дечки по паркови ќе ги апсиме за еден џоинт, истакна неодамна професорот од „Левица“ Димитар Апасиев.

Заев ќе се соочи со гневот на народот доколку продолжи насилно да се турка ова решение и да се злоупотребуваат изборите.

Најнови вести

Коронавирус