среда, 12. мај 2021. Вести денес: 5
home Вести

Заев тврди дека имало 80% сиромашни, ДЗС демантира во 2016-та имало 21.9 осто – или Заев ја покачил сиромаштијата или лаже

Заев тврди дека имало 80% сиромашни, ДЗС демантира во 2016-та имало 21.9 осто – или Заев ја покачил сиромаштијата или лаже

Премиерот Зоран Заев во интервјуто на 24 вести изјави дека во Македонија има во моментот 80 проценти сиромаши, а 10 отсто богати и 10 отсто кои се средна класа.

-Повеќе од 80 отсто се сиромашна класа во државата, имате 10 отсто средна класа, и 4, 5 отсто или повеќе екстремно богати луѓе.  Од таму ќе оданочуваме, оние кои имаат 1000 евра приходи, граѓаните ќе одлучат, вели премиерот Заев.

Државниот завод за статистика го демантира Зоран Заев при што извештајот за 2016-та година говори дека во Македонија стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесуваше 21.9%. Или во овој период додека Заев ја води државата сиромаштијата пораснала за 80 осто или е очигледно дека Зоран Заев ја лаже јавноста и свесно манипулира.

Тој ја спомена и гасифкацијата тврдејќи дека ќе имало гас по градовите наредната зима. Но, ако се земе во предвид дека изградбата на националните гасоводни линии се во застој, оние кои ги наследи оваа влада од претходната под знак прашање е дали воопшто ќе пристигне гас до градовите, не пак да се почне да се работи секундардната гасоводна линија.

-Прдолжуваме да ја градиме гасоводната мрежа, и проектите документации за градовите Скопје, Штип, Куманово, и сум убеден дека до наредната зима ќе има гас по градовите, изјави премиерот Заев.

Во реалноста работите се поинакви. Во застој е изградбата на националната гасовдна линија Скопје Гостивар, како и гасоводната линија Неготино, Kавадарци, Прилеп до Битола. Оттука кога нема како гасот да стигне до градовите и нема никаква секундарна изградена мрежа многу тешко остварливо е воопшто да се дојде до гас за домаќинствата.

Коронавирус